ВИЦ
ТОП ВИДЕО |
Thursday, 25 July 2019 08:56
Технологија
Huawei е рангирана на 61-то место во годишното рангирање на Fortune која ги собира 500-те најуспешни компании во светот врз основа на приходите и профитот.
Компанијата се искачи за 11 места во однос на минатата година, или за импресивни 68 места во однос на 2017 година. Годишното рангирање на Fortune 500 се базира на приходите и профитот на компаниите, како и на нивната големина. Така Fortune 500 стана репер за успех на компаниите, на одржливиот раст, големината, присуството на меѓународниот пазар и улогата во глобалната економија. Искачувањето на Huawei во ран листата се базира на пораст од 22% во приходите и 27,5% ба годишниот профит. Сепак, силата на компанијата се базира на други фактори. „Нашето искачување во Fortune 500 е нов доказ за успехот на нашата компанија во 2019 година. Во срцето на нашите достигнувања се целите што ги имаме поставено - најновите технологии да им се што подостапни на нашите клиенти и продолжување да се фокусираме на инвестициите во R & D. Ова ни овозможи да го постигнеме овој голем успех ", вели извршниот директор на Huawei Ричард Ј. Претходно оваа година Huawei зазеде 47-то место во рангирањето BrandZ за највредни глобални брендови, благодарение на иновациите во смартфоните од серијата HUAWEI P30, како и неверојатните технолошки решенија при изработкатана HUAWEI Mate X и долгоочекуваниот Mate 20 X (5G). |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|