ВИЦ
Во основно: ќе се јавам на мајка ти!!! ТОП ВИДЕО |
Thursday, 16 May 2019 17:39
Технологија
Новиот P30 lite обезбедува фотографија со ултра висока резолуција, благодарение на иновативната 48-мегапикселна камера која им овозможува на корисниците да фотографираат длабочина и детали за кои до неодамна можеа да сонуваат.
Huawei P30 серијата, која беше претставена на посебен настан во Париз кон крајот на март, наметна целосно нови стандарди во светот на мобилната фотографија. За прв пат во историјата, камерата за паметни телефони може да ги надмине ограничувањата на човечкото око, снимајќи светли и детални слики во било каков вид на осветлување. Сега, помалку од два месеци подоцна, на пазарот излезе Huawei P30 lite за да понуди висококвалитетна камера по поволна цена за секој што сака да го гледа светот на нов начин. Новиот P30 lite обезбедува фотографија со ултра висока резолуција. Моделот има иновативна 48-мегапикселна камера која им овозможува на корисниците да фотографираат длабочина и детали за кои до неодамна можеа да сонуваат. Највпечатлив дел од новиот производ е Quad Bayer Color Filter. Со традиционалниот Bayer филтер, основните RGB бои (Red Green Blue) се наоѓаат во мозаикот од типот ½ зелена, ¼ црвено и ¼ сино. Значи секоја боја се наоѓа веднаш до другите две во секоја насока. Шаблонот Quad Bayer ги обновува боите во 4 правоаголни групи (2 зелени, 1 црвена, 1 сина), овозможувајќи новиот сензор P30 да постигне истовремено висока резолуција и одлични перформанси при слаба светлина преку елиминирање на задоцнувањето помеѓу „кратката“ и „долгата“ изложеност на HDR фотографии. HDR слики, кои содржат контраст во светлината со исклучителна јасност, се една од гордоста на P30 lite. Кога снимате со P30 lite, Quad Bayer Color Filter овозможува секој пиксел да пресметува осветленост на боите со неверојатна точност. Секој пиксел потоа излегува на поединечен сигнал кој ја формира структурата на сликата, што резултира со неверојатни 48-мегапикселни слики во реално време. Со други зборови, секој од 48 милиони фоторецептори пренесува информации независно еден од друг без потреба од посебен софтвер, а само-менувањето на пикселната структура создава слики со неверојатна сложеност од 48 милиони индивидуални компоненти. Квалитетот на сликите кои доаѓаат од самиот CMOS сензор на Huawei P30 lite, далеку ја надминува онаа на слики создадени со традиционалните софтверски алгоритми. Тие можат да бидат отпечатени како HD плакати со 2,8 х 2.1 резолуција од 72 точки на инч (dpi), со слики со волшебна острина, боја, осветленост, длабочина и експресивност. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|