Wednesday, 09 January 2019 18:55 Технологија

Покрај новите микро ЛЕД димензии, облици и конфигурации кои ги поместуваат границите на традиционалните телевизиски дисплеи, компанијата Самсунг најави дека од оваа пролет ќе овозможи поддршка за услугите “iTunes Movies & TV Shows” и “Apple AirPlay2” на Самсунг паметните ТВ уреди за 2019 година...

Компанијата „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics Co., Ltd.) ги претстави своите најнови иновации со модуларната Микро ЛЕД дисплеј технологија во рамки на годишниот ЦЕС настан - „Прв поглед“ (First Look) кој се одржа во Ариа Ресорт & Казино во Лас Вегас. Револуционерните нови дизајни на Микро ЛЕД технологијата ги вклучуваат: новиот 75 инчен дисплеј, 219-инчниот екран “The Wall“, како и други големини, форми и конфигурации за новата генерација модуларен микро ЛЕД дисплеј. Исто така, компанијата најави дека од оваа пролет на моделите Самсунг “паметни“ телевизори (Samsung Smart TV’s) од 2019 година ќе биде достапна поддршка за услугите “iTunes Movies & TV Shows“ и “Apple AirPlay 2“.

„Со децении, Самсунг е лидер во креирањето иновативни решенија за новите генерации екрани. Нашата Микро ЛЕД технологија е предводник на следната револуција во областа на прикажувањето на визуелни содржини со интелигентни и индивидуализирани екрани кои се истакнуваат со својата ефикасност во секоја категорија. Самсунг Микро ЛЕД технологијата не познава граници, туку само бескрајни можности.“ - изјави Јонгхе Хан (Jonghee Han), Претседател на Бизнис одделот за Визуелни Дисплеи во Самсунг Електроникс.

Микро ЛЕД со 75-инчен екран и 219-инчниот „The Wall“

Одликувајќи се со најсовремената технологија и модуларни можности, микро ЛЕД-дисплеите од Самсунг обезбедуваат беспрекорен квалитет на сликата, разновидност и дизајн. Овие трансформативни телевизиски екрани се составени од поединечни модули со Микро ЛЕД диоди со милиони неоргански црвени, зелени и сини микроскопски ЛЕД чипови кои испуштаат сопствено светло за да произведат интензивни бои на екранот. На овој начин квалитетот на сликата е неспоредлив и ја надминува секоја технологија за прикажување која е во моментот достапна на пазарот.

На минатогодишниот Саем за потрошувачка електроника, Самсунг го претстави Микро ЛЕД со претставување на „The Wall“, наградуваниот 146-инчен микро ЛЕД дисплеј. Заради техничките достигнувања во процесот на ултра-финиот звучен полупроводнички процес на пакување кој го стеснува јазот помеѓу микроскопските ЛЕД чипови, Самсунг разви 4K Микро ЛЕД дисплеј во помал, 75-инчен формат прилагоден за домашна употреба.

Благодарение на модуларната природа на Микро ЛЕД, оваа технологија нуди флексибилност во големината на екранот која им овозможува на корисниците да го прилагодат кој би одговарал на секоја просторија или простор. Со додавање на микро ЛЕД модулите, корисниците можат да го прошират својот екран на било која големина што ја посакуваат. Модуларната функционалност на Микро ЛЕД ќе им овозможи на корисниците во иднина да создадат врвен дисплеј дури и при неправилни 9x3, 1x7 или 5x1 големини на екран кои ќе одговараат на нивните просторни, естетски и функционални потреби.

Микро ЛЕД технологијата на Самсунг исто така ја оптимизира содржината без оглед на големината и формата на екранот. Дури и кога додавате повеќе модули, Самсунг Микро ЛЕД дисплеите можат да ја зголемат резолуцијата - сето тоа додека постојаната густина на пиксели е истата. Освен тоа, Микро ЛЕД може да поддржува сè: од стандардните содржини во сооднос 16:9, до 21:9 широкоаголни филмови, неконвенционални соодноси како 32:9, па дури и 1:1, без да мора да правите компромис за квалитетот на сликата.

Конечно, бидејќи микро ЛЕД дисплеите се без рамка, нема граници помеѓу модулите - дури и кога ќе додавате повеќе. Резултатот е беспрекорен, неверојатен ефект на бесконечен базен кој овозможува екранот елегантно да се вклопи во било која животна средина. Можностите на примамливиот дизајн се подобрени со новата опција за амбиентален режим (Ambient Mode).

Поддршка за услугите “iTunes Movies & TV Shows“ и “Apple AirPlay 2“

Од оваа пролет, Самсунг ќе обезбеди поддршка за услугите “iTunes Movies & TV Shows“ и “Apple AirPlay 2“ за своите “паметни“ ТВ уреди од 2019 година, додека поддршката за овие платформи на Самсунг “паметните“ телевизори од 2018 година ќе биде достапна преку ажурирање на фирмверот. За почеток, поддршката на новите платформи ќе биде достапна само на Самсунг ТВ уредите, и тоа апликацијата “iTunes Movies & TV Shows“ ќе биде достапна во повеќе од 100 земји, додека пак, “AirPlay 2“ ќе биде достапна на Самсунг “паметните“ телевизори во 190 земји во светот.

Со новата апликација “iTunes Movies &TV Shows“, корисниците на Самсунг “паметни“ ТВ уреди ќе можат да пристапат до нивната постоечка “iTunes“ библиотека, да пребаруваат низ “iTunes“ продавницата и да купат или изнајмат некој од стотиците илјади достапни филмови и серии - вклучувајќи го и најголемиот избор од “4K HDR“ филмови. Содржините од апликацијата “iTunes Movies & TV Shows“ ќе работат беспрекорно синхронизирани со достапните услуги на “паметните“ телевизори на Самсунг, како “Universal Guide“, “New Bixby“ и “Search“, создавајќи одлично искуство преку платформата на Самсунг.

"Горди сме на соработката со врвни индустриски лидери преку која испорачуваме најширок спектар на услуги за нашата “Смарт“ ТВ платформа. Создавањето повеќе содржини, вредност и отворена функционалност на оваа платформа преку “iTunes“ и “AirPlay“ е идеално за секого – и за за корисниците на Самсунг телевизорите и за корисниците на Епл уреди." - изјави Вон-Џин Ли (Won-Jin Lee), Извршен Потпретседател на Бизнисот за визуелни дисплеи во компанијата Самсунг.

Со поддршката на “AirPlay 2“, корисниците на Самсунг телевизорите ќе можат на лесен и едноставен начин да гледаат видеа, фотографии, да слушаат музика или пак да креираат подкасти, емитирајќи содржини од Епл (Apple) уредот кон Самсунг “паметните“ телевизори, вклучувајќи ги “QLED 4K“ и “8K“ моделите, стилските “Frame“ и “Serif“ Самсунг ТВ уреди, како и други Самсунг “UHD“ и “HD“ модели.

"Со нетрпение очекуваме да ги доближиме искуствата од користењето на “iTunes“ и “AirPlay 2“ на уште повеќе корисници низ целиот свет, преку Самсунг “паметните“ телевизори. Со ова корисниците на “iPhone“, “iPad“ и “Mac“ ќе добијат уште еден начин да уживаат во сите нивни омилени содржини на најголемиот екран во нивниот дом." - изјави Еди Кју (Eddy Cue), Сениор Заменик Претседател на Бизнисот со Интернет софтвер и услуги во компанијата Епл.

Како глобален лидер на пазарот за ТВ уреди во изминатите 13 години, Самсунг “паметните“ телевизори станаа едни од најголемите забавни платформи достапни на пазарот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...