ТОП ВИДЕО |
Saturday, 13 October 2018 18:58
Технологија
Скопје добива контејнери со вградени чипови, со цел да покажуват колку се полни...
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека градот планира да купи паметни контејнери кои во себе ќе имаат вградено чипови кои ќе покажуваат кога контејнерите се полни. Освен контејнери, градот ќе купи и нови камиони за празнење на контејнерите. „Наскоро ја почнуваме постапката на смарт сити. Во тој систем ќе бидат вклучени и новиот вид на контејнери. Во тендерската документација ќе бараме во нив да има слотови во кои ќе бидат ставени чипови кои ќе покажуваат кој контејнер до кое ниво е полн. Врз основа на тие податоци ќе се прави и рутата на камионите за собирање на отпадот. Нема да биде како досега кога на одредена улица камион минува два пати неделно, туку ЈП ’Комунална хигиена‘ ќе го собира ѓубрето по потреба. Контејнерите ќе бидат достапни за лица со посебни потреби“ изјави Шилегов. Контејнерите ќе бидат со капацитет од 2.200 и 3.200 литри. Според градоначалникот на Скопје, на градот му се потребни уште контејнери – моментално во градот има 4.500, а според проценките, потребни се околу 7.000. Не е познато колку контејнери ќе бидат набавени затоа што тоа зависи од понудите на тендерот. За набавката на паметните контејнери планирани се 40 милиони денари, додека за новите камиони ќе бидат издвоени 24 милиони денари. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|