ВИЦ
- Мила, што има за ручек? ТОП ВИДЕО |
Monday, 10 September 2018 11:33
Технологија
Македонски средношколци постигнаа уште еден огромен успех... ... за 30-та Интернационална олимпијада по информатика, која се одржа од 1 до 8 септември во Цукуба, Јапонија. Натпреварот бил за програмирање и многу е значаен и признат во светски рамки, составен е од четири ученици предводени од нивните лидери, двајца професори од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, освоија еден сребрен и еден бронзен медал. На ИОИ 2018 учествуваат вкупно 335 ученици од 87 земји од целиот свет. Во ваква исклучително силна конкуренција, вториот сребрен медал во историјата за Македонија го освои Владимир Максимовски, додека бронзениот медал го освои Андреј Величковски. „Од првото учество како независна држава на ИОИ во 1996 година, во последните години Македонија има резултати со кои може да се пофалат релативно мал број од земјите учеснички: освоени 2 сребрени и 16 бронзени медали, а особено земјите кои по големина се колку нашата“, наведуваат од здружението. Според претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, Миле Јованов, здружението неуморно работи на промоција на натпреварите и информатиката како наука, селекција на најдобрите натпреварувачи и нивна подготовка за екстремно напредните содржини кои се дел од олимпијадата. Следната, 31. по ред, Интернационална олимпијада по информатика ќе се одржи идната година во Баку, Азербејџан. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|