ВИЦ
Прашуваат ром: ТОП ВИДЕО |
Friday, 10 August 2018 12:24
Технологија
Новиот Галакси часовник пристигнува со дизајн кој одговара на вашиот животен стил и овозможува поврзување на “LTE” мрежа и опции за следење на животните навики... Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес го претстави Самсунг Галакси Рачниот Часовник (Samsung Galaxy Watch). Галакси рачниот часовник го извлекува најдоброто од Самсунг Галакси екосистемот со долготрајната батерија, “LTE” поврзување, следење на секојдневните животни навики и безвременски и персонализиран дизајн. Галакси часовникот им помага на корисниците да постигнат повеќе со новите можности, како следење на стрес и и времето на спиење. Покрај тоа што нудат по робусна линија во однос на стилските можности, вклучуваат и три нови дизајни и тоа во Сребрена, Полноќна Црна и Розево Златна боја, како и нови бои на ремени за часовникот.
Останете поврзани – Без оглед каде ве носи денот Подобрениот век на батеријата на Галакси часовникот до 80+1 часа ја елиминира потребата од дневно полнење и им помага на потрошувачите да продолжат со нивната динамична недела. Со подолгиот век на траење на батеријата, оддалечувањето од својот смартфон никогаш не било полесно со “LTE“ поврзаноста на Галакси часовникот - низ повеќе од 30 провајдери и повеќе од 15 земји - за вистинско самостојно искуство низ уредите преку пораки, повици, мапи и музика. Корисниците исто така може да го започнат и завршат денот со утрински и вечерни брифинзи кои ќе им помогнат да останат во тек со потсетниците, времето и нивниот последен распоред. Живејте балансиран живот Галакси часовникот е дизајниран имајќи го на ум здравиот начин на живот. Тој нуди вистинско холистичко искуство со својот нов тракер2 за управување со стресот, кој автоматски ги детектира високите нивоа на стрес и нуди вежби за дишење за да им помогне на корисниците да се насочат и фокусираат. Покрај тоа, новиот напреден тракер за следење ги надгледува сите нивоа на спиење3, вклучувајќи ги и РЕМ циклусите, за да им помогне на корисниците да ги прилагодат навиките за спиење и одмор за да можат репродуктивно да го поминат својот ден. Покрај контролирањето на спиењето и стресот, Галакси часовникот им помага на корисниците да постигнат и други цели насочени кон нивното здравје и добросостојба, вклучувајќи и фитнес активности. Во рамки на Галакси часовникот се вметнати 21 нова вежба за надворешни услови, а исто така може да се следат вкупно 39 вежби кои им овозможуваат на потрошувачите да ги прилагодат и променат нивните рутини. Бидејќи балансираната исхрана е исто важна како и вежбањето, Галакси часовникот ја олеснува ова рутина повеќе од кога и да било, со интуитивно следење калории и персонализирани предупредувања. Покрај тоа, корисниците можат да останат на вистинскиот пат со своите оброци користејќи Биксби Визија (Bixby Vision) на нивниот Галакси уред. За подобро управување со калориите, корисниците може да го фотографираат секој оброк и веднаш да ги напишат информациите за исхрана во апликацијата Самсунг Здравје (Samsung Health) и на Галакси часовникот. Стилски и безвременски дизајн Галакси часовникот пристигнува во повеќе димензии и стилови – 46 милиметарска и 42 милиметарска верзија во сребрена, полноќно црна или во нијанса на розево злато. Корисниците можат уште повеќе да го прилагодат Галакси часовникот со големиот избор на циферблејт и ремени, вклучувајќи опции од Бралоба (Braloba), производител на високо квалитетни ремени за часовници. Часовникот Галакси го пренесува наследството на паметните телефони на Самсунг со својот кружен, ротирачки циферблејт како заштитен знак, притоа прифаќајќи го дигиталниот изглед со “Секогаш на дофат“ (Always On Display) функцијата, покрај подобрената употребливост. За прв пат, Галакси часовникот располага со звук на отчукување како на аналогните часовници и ѕвонење на секој час, како и ефект на длабочина која фрла сенка при дефинирањето на сите детали од циферблејтот на часовникот за традиционален изглед и чувство. Дополнително, сертифицираната издржливост4 на Галакси часовникот која одговара на воени стандарди, со Corning® Gorilla® Glass DX+ и најдобрата водечка отпорност на вода со сертификат на 5 ATM5 овозможува долготрајна употреба на уредот, без оглед на опкружувањето. Искусете го најдоброто од Самсунг Галакси Екосистемот Часовникот Галакси на корисниците им ги овозможува сите придобивки од Галакси Екосистемот (Galaxy Ecosystem) создавајќи беспрекорно искуство со апликацијата “SmartThings“, Самсунг Здравје (Samsung Health), Самсунг Тек (Samsung Flow), безбедносната платформа “Samsung Knox“, Самсунг Плати6 (Samsung Pay), Бигзби (Bixby) и со партнерства како Спотифај (Spotify) и Андер Армор (Under Armour). Корисниците едноставно можат да пристапат и да ги контролираат. уредите од Галакси часовникот со апликацијата Паметни Работи (SmartThings) - сѐ со допир на рачниот зглоб - од вклучувањето на светлата во домот и телевизорот наутро, се до прилагодување на температурата пред спиење. Самсунг уште повеќе ја олеснува контролата на музиката и мултимедија содржините преку часовникот Галакси со помош на Спотифај, овозможувајќи им на корисниците да слушаат песни офлајн или без паметниот телефон преку режимот Спотифај Офлајн (Spotify Offline)7, а покрај тоа може да ги чуваат информациите безбедни со помош на “Samsung Knox“ безбедносната платформа и лесно да го отклучуат компјутерот или таблетот користејќи “Samsung Flow“. На македонскиот пазар, Галакси часовникот ќе биде достапен од 21 септември 2018. За дополнителни информации за производот, посетете ја веб страната http://www.samsungmobilepress.com.
|
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|