Friday, 01 June 2018 18:04 Технологија
Видеото прикажува возбудлива активност на легендарниот скејтер Педро Барос во која гледачите можат да уживаат на големите QLED ТВ екрани...

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) го претстави новото видео со екстремни спортови во соработка со Ред Бул (RedBull) и легендарниот бразилски скејтер Педро Барос (Pedro Barros). Именувано како "Погледнете ја поголемата слика", новото видео ги повикува гледачите да ја доживеат акцијата и интензитетот на скејтбордингот, додека Барос се движи со скејтбордот низ структура моделирана по некои од најпознатите светски знаменитости од градови како Барселона и Њујорк.

По успехот на првата соработка на Самсунг и Ред Бул во врска со екстремните спортови, насловена како „Види го неочекуваното“, новиот концепт го истакнува интензитетот на скејтбординг, истовремено демонстрирајќи ги можностите на КјуЛЕД (QLED) телевизорите на Самсунг. Достапни во модели со ултра-големи екрани со големина од 65 до 88 инчи, КјуЛЕД ТВ екраните може да прикажат највозбудлив и најживописен квалитет на сликата на пазарот денес, претставувајќи ја секоја боја и секое движење со беспрекорна јасност.

"На ултра-големиот екран на КјуЛЕД телевизорите, гледачите ќе имаат извонредно искуство додека го гледаат видео записот Погледнете ја поголемата слика’ со Педро Барос. Возбудени сме што повторно соработуваме со Ред Бул за да можеме повторно да ја нагласиме брилијантноста на екстремните спортови преку екраните. Додека продолжуваме да ја развиваме нашата КјуЛЕД ТВ линија, нашите партнерства со брендови како Ред Бул играат суштинска улога во овозможувањето возбудливи содржини оптимизирани за гледање на премиум ТВ уредите.", рече Сунгхи Хан (Sunghee Han), Потпретседател на Одделот за Визуелни Екрани во Компанијата Самсунг Електроникс.

Во текот на видео, гледачите “патуваат“ низ неколку различни концепти преку креирање на виртуелниот скејт парк на два ката, во затворен простор. Додека Барос со својот скејтборд се движи низ поставената структура, се открива нова естетска димензија - од храбрата архитектура на Барселона и топлината на африканската пустина, се до бетонски џунгли во Њујорк и Сан Франциско. Глобално реномирани уметници, меѓу кои и РАЈНоАРТ (RYNoART), Стив Фавлер (Steve Fawler), Кристен Поулсен (Kirsten Poulsen), Софија Лангнер (Sophia Langner), Марко Реинхард (Marco Reinhardt), ПТЛН (PTLN), НеКСТ ЛеВеЛ (NXT LVL) и Ц-Бас (C-Bass) придонесоа кон дизајнот на виртуелниот скејт парк. Целото нивно дело оживеа со помош од Старилејшн (Starelation) и мајсторот за градење на рампи - Андреас Шутценбергер (Andreas Schutzenberger), кој го заврши концептот за осум недели.

Ѕвездата во видето, Педро Баррос, е меѓународна спортска ѕвезда позната по освојување на шест златни медали, три сребрени медали и еден бронзен медал на Икс-Игрите (X-Games). Исто така, тој е и севкупно главниот носител на пехарот од Светскиот куп за Скејтбординг (World Cup Skateboarding), четири години по ред, од 2010 до 2013 година, а беше и трето пласиран во 2014 и 2015 година.

Видеото “Погледнете ја поголемата слика“ ќе биде прикажано на КјуЛЕД ТВ екраните во продавниците на Самсунг на почетокот на јуни, а сите кои сакаат ќе може да го погледнат и преку профилите на социјалните медиуми на Самсунг и Ред Бул.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...