Samsung ги претстави најновите апарати за домаќинство на EuroCucina 2018...
Новата “Dual Cook Flex™” рерна и други кујнски иновации ќе бидат премиерно прикажани на светски познатиот Саем за Кујнска Опрема во Милано
Милано, Италија, 18, Април, 2018 – Самсунг Електорникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес го објави своето прво учество во биеналето “EuroCucina 2018“ во Милано, како дел од својата посветеност кон зајакнување на своето присуство на европскиот пазар. Изложбата на Самсунг има за цел да го подигне имиџот на брендот и угледот на компанијата меѓу потрошувачите во регионот со производи кои прават вистинска разлика во животот на потрошувачите.
“Навистина ни претставува задоволство што имаме можност, за прв пат, да ги прикажеме нашите најнови уреди на саемот “EuroCucina“ во Милано. Се надеваме дека нашето учество во “EuroCucina“ ќе ја демонстрира нашата посветеност на создавањето на иновативни апарати за домаќинство.“ – рече БК Канг (BK Kang), Извршен Потпретседател во Компанијата Самсунг Електроникс, Директор за Глобална Продажба и Маркетинг во Секторот за Бизнис со дигитални апарати за домаќинство.
Нова “Dual Cook Flex™“ рерна
Самсунг претставува целосно линија на вградени производи на саемот “EuroCucina“, а од нив се издвојува рерната “Dual Cook Flex™“. Станува збор за иновација во земјите од Европската унија, наречена “Флексибилна врата“, овозможувајќи им на корисниците независен пристап до горниот дел од рерната, без губење на топлината и загрозување на работата и готвењето во долниот дел. Горните и долните делови може да се користат дури и како еден поголем простор за готвење во големи садови, со едноставно отстранување на преградите.
“Dual Cook Flex™“ исто така го олеснува и подготвувањето на повеќе јадења со помош на системот за двојно готвење (Dual Cook). Корисниците може да поставуваат две различни температури и различно време потребно за готвење за секој дел, за да се постигне најдобар вкус на храната при истовременото готвење. Двојното готвење исто така го спречува мешањето на миризбата помеѓу двата дела, обезбедувајќи поекономични резултати при готвењето. Со можноста за користење само на горниот дел, “Dual Cook“ ја зголемува и енергетската ефикасност, намалувајќи го времето на претходното загревање и вкупната потрошувачка на енергија.
Рерната “Dual Cook Flex™“ нуди низа карактеристики за економично готвење. На пример, корисниците можат едноставно да ја загреат рерната и со далечински управувач да ги надгледуваат и контролираат условите за готвење додека ја користат апликацијата “SmartThings“.
Покрај тоа, Водичот за готвење (Cooking Guide) препорачува најдобар начин на готвење, температура и време на готвење врз основа на состојките и видот на храната.
“Паметен“ живот со “AI“ / “IoT“’ решение
На саемот “EuroCucina“ ќе се одржи и демонстрација на заедничкото и бешумно работење на клучните “IoT“ производи за домаќинство. Посетителите ќе можат да ја тестираат единствената домашна “IoT“ технологија од Самсунг, преку “Family Hub™“ и неговите интелигентни вградливи понуди.
Во рамки на саемот ќе биде демонстрирана и паметната поврзаност на “Dual Cook Flex™“ и најновата генерација “Family Hub™“, интегриран со “SmartThings“ апликацијата. “Family Hub“им овозможува на корисниците едноставно, практично и хармонизирано искуство за поврзување на сите “паметни“ уреди во домот, со карактеристики како што се “Bixby“, “Планер за оброци“, “Листа за купување“ и “Рецепти“, кои допринесуваат за подобри, паметни искуства во кујната.
Иновативна технологија и рамен дизајн
На штандот на Самсунг, посетителите ќе можат да уживаат во единствените кујнски технологии на компанијата. Дел од производите кои посетителите ќе може да ги видат се и “WaterWall™“ машината за миење садови која совршено чисти, “Virtual Flame™“ - плочата за готвење која нуди интензивна визуелна контрола на пламенот. Технологијата на Самсунг – “Twin Cooling Plus™“ исто така ќе биде претставена и на транспарентен екран кој покажува како системот независно го контролира фрижидерот и замрзнувачот.
Покрај тоа, ќе бидат изложени и уреди со премиум рамен дизајн, вклучувајќи и минималистички дизајн кој ги усогласува сите линии во една и ја максимализира употребливоста. Самсунг исто така ќе ја претстави и својата палета на вградливи кујнски апарати од црн не’рѓосувачки челик и модернистичка колекција на Дакор (Dacor).
Самсунг своите производи ќе ги изложи во сала број 15. Саемот “EuroCucina“ се одржува во рамки на “Salone del Mobile Milano“ во Милано, Италија, до 22.04.2018.