Thursday, 23 April 2015 09:18 Технологија

Ако ви се здодевни класичните енигматски игри, како што се Судоку, 2048, Тетрис и слично, тогаш новата апликација „None“ ќе ви биде предизвик...



„None“ не му дава никакви известувања и помош на играчот, ниту целта на самата игра. Во оваа игра нема звуци, слики и анимации.  

Достапна е за iOS, Android и Windows Phone уреди, а во описот на играта пишува „Никој не знае што е всушностNone“.



Вистинската цел на оваа игра се уште на никој не му е позната и до ден денес останала нерешена мистерија. Прашањата на почетокот се прилично едноставни, но подоцна се комплицираат, бидејќи прашањата се премногу нејасни.  

Некои од прашањата се: „Ултимативно прашање за животот, универзумот и се“, "P + лев чекор 1 + лев чекор 7 + десен чекор 1 + десен чекор 1“ и "Одговорот е следен. Следното е одговор“. Прилично нејасно, зар не?



Создателот на оваа игра, Димитрис Хасапакис од Атина, изјавил дека играта има 50 нивоа и дека само 10% од играчите успеале да ја поминат целата игра. Досега „None“ ја преземале 50.000 луѓе, а Димитрис ветил и продолжение.

Оваа необична и нејасна игра можете бесплатно да ја преземете и да ја заиграте овде.

Погледнете го видеото, можеби некои работи ќе ви станат јасни.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...