Tuesday, 07 April 2015 11:19 Технологија

Интернет револуцијата во Индија е тешка 18 милијарди долари, кои оваа земја планира да ги вложи во развој на инфраструктура, која ќе доведе со брз интернет на многу подрачја во оваа земја...



Во текот на следните три години, индиската влада има за цел да постави околу 700 илјади километри кабел, кој би поврзале 250 илјади села, а до 2020 година планираат да изградат сто нови „паметни градови“. Во некои градови оваа револуција наидува на големи проблеми поради постојаните прекини на струјка и пренаселеноста, но и поради мајмуните. На овие области има судир на новата технологија со стариот свет, кој е најизразен во „најсветиот град на Индусите“, Варанаси, во чии храмови живеат голем број на макаки мајмуни. Тие се навикнати на соживот со луѓето, кои ги хранат, но освен храната што им ја даваат луѓето, макаките обожаваат и оптички кабли, кои се подигнати покрај брегот на Гангес.

Кога биле поставени првите кабли во Гангес, на мајмуните им биле потребни два месеца да ги уништат. Експертите за телекомуникации велат дека нема многу алтернативни решенија за овој проблем. Станува збор за пренаселен град, каде живеат над два милиона луѓе и затоа не постои можност за поставување на кабли под земјата. Храмовите не може да се помрднат, а не доаѓа во предвид ниту гонење или фаќање на мајмуните, кои локалното население ги сака.

Освен мајмуните, еден од проблемите во Варанаси се и честите прекини на струја, кои може да траат со часови. До 2017 година во Индија би требало една третина од населението да има пристапк на интернет, што е огромно зголемување во споредба со сегашните 20%, односно околу 250 милиони луѓе. 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...