Wednesday, 18 March 2015 11:02 Технологија

После последните инвестиции во Pinterest од 370 милиони долари, оваа компанија е проценета дури 11 милијарди долари, а екипата од Pinterest се надева дека наскоро ќе собере уште 211 милиони долари од инвеститори...



Во средината на 2014 година оваа компанија вредеше само 5 милијарди долари и за помалку од една година ја зголеми својата вредност. Затоа сега се наоѓа на врвот на највредни старт-ап компании на светот и во одбраното друштво на старт-апи, чија вредност изнесува 10 милијарди долари или повеќе. Ова се највредните старт-ап компании во светот:

1. Dropbox – еден од најпознатите сервиси за податоци е основан во 2007 година, а неговата вредност порасна и покрај големата конкуренција од Google и Microsoft, на 10 милиони долари. Инвеститорите досега вложиле 1,1 милијарда долари во оваа компанија, а нејзините услуги ги употребуваат над 200 милиони луѓе.

2. Airbnb – 10 милијарди евра. Сервис за изнајмување станови или евтино сместување при патувања. Достапен е во дури 190 земји низ светот, а во оваа компанија досега се вложени над 800 милиони долари.

3. Pinterest – „виртуелната плоча“, на која корисниците може да објавуваат содржина, најчесто фотографии – неговиот развој започнува кон крајот на минатата деценија, а вредноста на компанијата пораснала сега на дури 11 милијарди долари.

4. Flipkart – оваа компанија не е толку позната како на пример Xiaomij, Snapchat и Pinterest, во која се вложени околу 2,5 милијарди долари, а нејзината проценета вредност изнесува 11 милијарди долари. Flipkart е страница за е-бизнис, специјализирана за електроника, книги, музика и слично.

5. SpaceX – се занимава со вселенска технологија и дизајнирање на вселенски летала, основана од Елон Маск. Инвеститорите вложија 1.2 милијарди долар идосега во компанијата, а неговата вредност денес изнесува 12 милијарди долари.

6. Palantir – софтверска компанија специјализирана за анализа на податоци, нивни клиенти се организациите како на пример CIA и FBI. Вреди 15 милијарди долари.

7. Snapchat – мрежата за размена на самоуништувачки фотографии, пораки и видеа, вреди 10 милијарди долари. Се шпекулирало дека во следниот инвестициски циклус нејзината вредност ќе порасне и до 19 милијарди долари, но таа цифра после неодамнешното вложување на Alibabа, се искачи на само 15 милијарди долари.

8. Uber – Uber се поврзува преку апликација со лица што бараат превоз со возачи кои имаат потпишано договор со Uber, а главната предност на овој начин на превоз е брзината на наоѓање на превоз и ниската цена. Во него се вложени речиси 6 милијарди долари, а неговата вредност изнесува над 41 милијарда долари.

9. Xiaomi – кинескиот феномен, кој за многу кратко време го помина патот од компанија што го копира Apple и продава евтини телефони, до највредна старт-ап компанија, на светот, чија вредност изнесува дури 46 милијарди долари. Најпознати се по паметните телефони, кои ги привлекуваат корисниците со одлични опции и поволна цена. 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...