Saturday, 28 February 2015 10:15 Технологија

Позади Apple стои најдобриот квартал во историјата, бидејќи продадоа речиси 75 милиони iPhone паметни телефони и реализираа рекорден приход и профит...



Но, после тужбата што им ја поднесе Ericsson, на оваа компанија сега и се заканува забрана за продажба на iPhone телефони и iPad во САД. Нема потреба да анализираме како тоа ќе влијае врз заработката и вредноста на акциите на Apple. Претходните години Apple беше во улога на тужител поради прекршување на патент и бараше забрана за продажба на Samsung телефони и големи парични казни. Компанијата на Тим Кук до минатиот месец имала договор со шведскиот производител за телекомуникациска опрема и за користење на нивните патенти, но, откако истекол договорот, тие одбиле да потпишаат нов договор под условите што им биле понудени од Ericsson. Затоа Ericsson поднел тужба против Apple во САД, поради прекршување на дури 41 патент, кои се употребуваат во iPhone и iPad, како на пример можностите за поврзување со 2G, 3G и 4G мрежа, извршување на повици, споделување на податоци и слично. Портпаролката на Apple, Кристин Хуге, изјавила за Bloomberg дека тие се секогаш чесно да ја платат цената за патентите што ги користат во своите производи, но барањата на Ericsson се многу големи.

Одбивањето за потпишување на вакви договори после нивното истекување е вообичаена појава на телекомуникацискиот пазар, бидејќи компаниите одибваат такви договори, се цел да се изборат на суд за подобри услови, односно, поевтини лиценци, со оглед на тоа што судот не е благонаклонет кон сопствениците на важните патенти во телекомуникациската индустраија, бидејќи сметаат дека не смеат да ја злоупотребуваат нивната позиција во однос на конкурентите, туку треба да понудат разумна и чесна цена за нивното користење.

Токму затоа Apple одбил да потпише нов договор и се надева дека ќе се избори за поволни услови. Сепак, барањата на Ericsson се сериозни и поради кршење на нивните патенти, бараат забрана за продажба на мобилните уреди на Apple од американската Меѓународна трговска комисија, плаќање за користење на тие патенти во иднина, но и оштета за веќе нанесената штета, при што предупредуваат дека допрва треба да пресметаат колкава финансиска штета им е нанесена од Apple.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...