Friday, 20 February 2015 08:27 Технологија

Сите што имаат Android уред, треба да бидат загрижени со причина, поради нападите врз оперативниот систем...



Една од компаниите што се занимава со компјутерска и мобилна безбедност, AVG, објавила дека на прилично голем број на Android уреди, им се појавил посебен “malware„ код, кој може да повика некого или да фотографира, не само без ваше знаење, туку и кога вашиот паметен телефон е исклучен. Всушност, вам ви изгледа дека телефонот е исклучен, бидејќи после притискањето на типките за исклучување, ќе забележите нормален процес, анимација, екранот ќе потемни и се ќе изгледа како нормално. Така, иако не е видливо за вас, телефонот останува се уште вклучен и хакерите имаат можност да повикуваат, да фотографираат, да земат податоци и се што имате на вашиот уред.

Според наводите од AVG, паметниот телефон на овој начин се претвара во шпионски уред, бидејќи без надзор може да испрати се што ќе посака на било кого, управуван од анонимни хакери. Штетникот што бил откриен, е наречен „Andorid/PoweOffHijack A“ и ги напаша сите уреди што имаат инсталирано верзија послаба од Android 5.0.

AVG вели дека нивните антивирусни производи можат да препознаат malware, но ако сакате да бидете целосно сигурни дека паметниот телефон е исклучен и без надзор, извадете ја батеријата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...