Wednesday, 13 July 2011 07:50 Фудбал

Лига на Шампиони Шкендија вечерва (20.45) против Партизан во Белград ќе дебитира на Европската фудбалска сцена, тетовскиот тим ги започнува квалификациите за Лигата на Шампионите...


Македонскиот шампион, екипата на Шкендија од Тетово вечерва го има својот деби настап во фудбалска Европа.

Ждребката сакаше тоа да биде против Партизан од Белград, тежок противник, но и дуел кој предизвикува големи тензии поради политичките настани во регионот.

Но политиката настрана, време е за фудбал и борба на зелениот терен.

Шкендија со оптимизам патува во Белград, такви се зборовите на тренерот Ќатив Османи.

"Иако Партизан е фаворит, нема да се предадеме. Ќе пробаме да победиме, но нема да бидеме незадоволни ниту со нерешен резултат или минимален пораз" - изјави Османи на прес конференцијата по повод натпреварот.

"Се подготвивме најдобро што можеме и натпреварот против Партизан го очекуваме максимално подготвени. За нас ова е прв настап во Европа и важно е како ќе се претставиме".

"Верувам дека натпреварот ќе помине безбедно и без нереди, како првиот така и вториот дуел".

Партизан е голем фаворит, тренерот на тимот Александар Станојевиќ вели дека ќе напаѓаат од сите оружја.

"Секогаш првите натпревари се најважни и најнеизвесни, но ние сме фаворити и сигурно ќе нападнеме од сите оружја. Со цела почит кон противникот но мислам дека ние сме поквалитетен тим и имаме искуство во Европа, посилно првенство и според тоа сме во предност" - вели Станојевиќ.

"Нема да брзаме да поведеме уште во петата минута бидејќи работата не може да се заврши во Белград. Ќе барам да го наметнеме нашиот препознатлив стил. Па и да примиме гол нема да биде страшно, бидејќи сум уверен дека можеме да постигнеме повеќе голови од противникот".

"Шкендија има два многу опасни напаѓачи кои малку учествуваат во одбраната, посебно се незгодни кога противникот ќе ја загуби топката. Мораме да бидеме сконцентирани во таквите моменти".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...