Thursday, 30 June 2011 12:33 Фудбал

Шпанија Информациите од Шпанија велат дека Нејмар го одбрал Реал Мадрид пред Барса и Челзи, но претседателот на Сантос се надева дека фудбалерот ќе остане во бразилскиот клуб најмалку до 2012 година...


На почетокот од неделата Рибеиро откри дека пет клубови се сложиле да ја платат откупната клаузула за Нејмар, тие клубови се Реал Мадрид, Барселона, Челзи, Манчестер Сити и Анжи.

Сега Рибеиро го додава и Интер во оваа листа на клубови, но Марка сугерира дека 19-годишниот фудбалер му кажал на својот колега од бразилската репрезентација, Дани Алвеш дека се сели во Мадрид.

"Не знам ништо за Барселона. Ќе играм за Реал Мадрид следната сезона" - му рекол Нејмар на Алвеш.

Претседателот на Сантос верува дека Нејмар ќе биде во Сантос и за Светското клупско првенство во декември кое се игра во Јапонија.

"Барселона, Реал Мадрид, Интер, сите големи клубови се заинтересирани бидејќи Нејмар е ислучителен фудбалер, но според мене тој ќе остане со нас најмалку до натпреварот со Барса во финалето од Светското клупско првенство" - изјави претседателот Рибеиро.

"Ние не сакаме да го изгубиме до 100 годишнината на клубот (Сантос е формиран во април 1912) но се зависи од него, од тоа што тој сака. Запомнете дека има откупна клаузула во договорот, па ние не можеме ништо".

Рибеиро потврди дека зборувал со претседателот на Барса, Сандро Росел и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

"Го замолив Сандро да нема контакт со Нејмар или неговиот татко до финалето на Копа Либертадорес, но потоа му кажав дека може да направи контакт бидејќи дојдоа и другите европски клубови".

"Сандро Росел е џентлмен, многу пријателски човек, голем професионалец и одличен претседател".

"Зборував директно и со Флорентино и Реал Мадрид го покажа интересот за фудбалерот. Тоа е јавно".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...