Tuesday, 07 June 2011 19:51 Фудбал

Англија Сер Алекс Фергусон потврди дека тој посакува да го засили Манчестер Јунајтед со најмалку три нови имиња


Шкотот, во изминатава сезона, ги предводеше ’Црвените Ѓаволи’ до рекордната 19та титула од Премиер Лигата како и до финале од Лигата на Шампионите.

Фергусон сега во летниот трансфер период ќе се обиде да донесе неколку квалитетни засилувања на Олд Трафорд со цел следната сезона Манчестер Јунајтед да биде сериозен предизвикувач за 20та титула во Англија како и за поуспешна кампања во Европа.

Едвин ван дер Сар, Гери Невил и Пол Сколс се пензионираа па Сер Алекс признава дека постојат одредени големи дупки кои ќе треба да бидат пополнети во летниот трансфер период.

“Целам кон две, можеби три засилувања, кои ќе го зголемат нашиот вкупен квалитет во тимот.” – објасни Фергусон за Inside United.

“Начинот на кој гледаме е јасен. Рајан Гигс се ближи на крајот од кариерата и Гери Невил веќе се пензионираше.”

“Едвин ван дер Сар исто така потврди дека се пензионира и има дупки кои сакаме да ги пополниме од аспект на сигурност и безбедност на тимот во следните неколку години.”

“Имаме некои одлични млади фудбалери но исто имаме некои идеи и се надеваме дека ќе можеме да ги оствариме.”

Се говори дека Ешли Јанг од Астон Вила е многу блиску до преселба на Олд Трафорд а од поодамна се шпекулира дека Давид Де Геа од Атлетико Мадрид ќе биде новиот голман број 1 на Манчестер Јунајтед.

’Црвените Ѓаволи’ исто така се поврзуваат и со ангажман на Весли Снајдер од Интер, Лука Модриќ од Тотенхем и Самир Насри од Арсенал и еден од овие тројца фудбалер ќе треба да биде замена за Пол Сколс кој исто така се пензионираше.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...