Wednesday, 01 June 2011 14:45 Фудбал

Англија Вејн Руни има само пофални зборови за Лео Меси, вели дека тој е најдобриот фудбалер во светот, но смета дека на Аргентинецот нема да му биде лесно доколку се пресели во Премиер лигата.


Вејн Руни вели дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња, но не верува дека тој би можел да игра во Премиер лигата онака како што тоа го прави во Барса.

"Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. Она што го видовме во последните две-три години е неверојатно. Тешко е некогаш повторно да се види" - изјави Руни за talkSPORT.

"Меси ги добива натпреварите на Барселона, но Чави и Иниеста вршат голема работа. Треба да работите многу напорно за да бидете блиску до нив, најтешко е да играте против Барса. Меси ве убива".

"На мојот плејстејшн со него можам да правам што сакам, но тој е дури и подобар во реалниот живот. Брзината со која ги движи нозете, целото тело, тоа е неверојатно".

Запрашан дали Меси би можел да се прилагоди на играта во Премиер лигата, Руни одговори:

"Доколку дојде заедно со Чави и Иниеста би можел да се прилагоди. Но ќе биде тешко, речиси невозможно да игра во Премиер лигата како што тоа го прави во Шпанија".

"Играта тука е пофизичка, тешко е да се игра на гостувањата кај тимови како Бирмингем и Стоук".

"Кристијано Роналдо е повеќе спремен за игра во Англија отколку Меси. Кристијано е повисок и добар во воздухот".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...