Wednesday, 25 May 2011 19:46 Фудбал

Лига на Шампиони Во пресрет на финалето од Лигата на Шампионите и дуелот со Манчестер Јунајтед, Лео Меси вели дека овој тим на Барса под водство на Гвардиола е најдобриот во кој играл...


Барселона и Манчестер Јунајтед се сретнаа во финалето од Лигата на Шампионите во 2009 кога во Рим, Каталонците славеа со 2-0.

Во пресрет на средбата што во сабота ќе се одигра на Вембли, Лео Меси испрати предупредување до ’Црвените Ѓаволи’ велејќи дека сегашниот тим предводен од Пеп Гвардиола е најдобриот во кој тој играл.

Меси рече: “Дефинитивно ова е најдобриот тим на Барселона во кој јас имам играно, тоа е сигурно.”

“Многу од фудбалерите во тимот се исти во споредба од пред две години, но сега сите сме постари и имаме поголемо искуство.”

“Го имаме најдобриот тренер бидејќи Гвардиола е лојален на Барселона исто колку што се лојални и фудбалерите од академијата. Тој секогаш го прави она што е најдобро за Барселона а не што е најдобро за него. Тој е симбол на начинот на кој Барса сака да игра и да се однесува.”

“Мораме да запомниме дека нашиот успех внимателно е граден во текот на многу години. Ова е резултат на многуте години напорна работа со фудбалерите од академијата како и работата на тоа да се донесат правилните фудбалери во составот.”

“Заслужено ги освојуваме сите овие титули и мислам дека тимот нема да забележи пад уште многу години.”

Меси потоа додаде: “За мене, Лигата на Шампионите е најголемото натпреварување во кое можете да играте, покрај Светското Првенство.”

“Ги има најдобрите фудбалери во светот и вообичаено двата најдобри клубови стигаат до финалето. Па секогаш е голема привилегија да се биде дел од финале од Лигата на Шампионите.”

“Имам големи очекувања од овој натпревар.”

Многумина веќе го посочуваат Меси како најдобриот фудбалер во историјата но аргентинскиот интернационалец не е преокупиран со оваа тема.

“Не знам дали сум на нивото на Пеле и Марадона. Овие фудбалери имаат голем успех со своите национални тимови и мене ми недостасува тоа. Исто така, тешко е да се споредат различни периоди во фудбалот.”

“Немам амбиција за потреба да слушам како луѓето велат дека сум најдобар во историјата. Доколку за 50 години, бидам запомнет како важен фудбалер на оваа фантастична Барселона, тогаш сум многу горд.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...