Tuesday, 10 May 2011 11:45 Фудбал

Италија Алесандро Дел Пјеро е разочаран откако неговиот тим прокоцка водство од 2-0 против Киево...


Вчера ново разочарување за навивачите на Старата Дама, овој пат Јуве водеше со 2-0 против Киево, на крајот натпреварот заврши 2-2.

Капитенот на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро е лут на перформансите на тимот, вели дека овој натпревар ја отсликува нивната сезона.

"Игравме добро додека го дадовме вториот гол и потоа се опуштивме" - изјави Алесандро Дел Пјеро.

"За жал плативме многу висока цена поради тоа, на крајот дури можеше да биде и уште полошо, но требаше да победиме".

"Овој нерешен резултат е слика за нашата сезона. Ние сме тим кој може да игра подобро и правиме помалку отколку што можеме".

"Нешто дефинивитно недостасува, доколку знаевме што е тоа, до сега ќе ја решевме ситуацијата".

Со победа Јуве ќе ја продолжеше битката за место во Лигата на Шампионите, но сега Удинезе има пет бода предност на две кола пред крајот.

"Лути сме и загрижени поради тоа што ја губиме трката за Лигата на Шампионите, цел која се гледаше и како достижна".

"Сега мора да се фокусираме и да го дадеме најдоброто на последните два натпревари, особено следната сезона".

По синоќешниот натпревар се зголемија шпекулациите дека Јувентус ќе му врачи отказ на Џиџи Дел Нери.

"Клубот ги донесува одлуките и јас не сум инволвиран во тоа. Се што можам да кажам е дека составот има добар однос со тренерот".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...