Tuesday, 10 May 2011 11:41 Фудбал

Англија Хери Реднап верува дека Сити и ова лето ќе потроши голема сума за засилувања и верува дека тоа ќе биде така се додека ’Граѓаните’ не триумфирата во Премиер Лигата и Лигата на Шампиони


Според менаџерот на Тотенхем, Манчестер Сити веќе има договорено едно или две засилувања кои ’ќе го растурат вашиот мозок’ и очекува тимот од Истлендс да продолжи со расфрлањето пари и во иднина.

Откако Шеикот Мансур го превземе клубот во септември 2008, милијардерот вложи преку 300 милиони фунти за засилувања од типот на Карлос Тевез, Давид Силва, Јаја Туре, Марио Балотели и Един Џеко.

’Граѓаните’ сега се блиску до топ четири пласман и настап во Лигата на Шампионите со што ќе имаат додатна причина за привлекување на топ фудбалерите.

“Познавам луѓе кои се на права позиција таму (во Сити) кои велеа, ’Па, една работа што не можевме да ја понудиме беше играње во Лигата на Шампионите’.” – рече Реднап.

“Но тие ми кажуваат дека Сити веќе има ангажирано еден или двајца фудбалери кои ќе го растурат вашиот мозок.”

“Тие нема да запрат се додека не триумфираат во Премиер Лигата па дури и во Лигата на Шампионите, така?”

“Човекот од Абу Даби има премногу пари. Можно е ова лето тие да потрошат уште 200 милиони фунти.”

Реднап потоа додаде: “Мислам дека тие ќе триумфираат во Премиер Лигата во следните неколку години.”

“Мислам дека тие ќе бидат силен конкурент следната сезона. Имаат силен состав кој може да стане само подобар, бидејќи имаат нелимитирани фондови и можат да го купат секој фудбалер што ќе го посакаат.”

“Исто така можат да ја платат потребната плата. Имаат фудбалери кои заработуваат по 200 000 фунти неделно. Мислам дека тоа е лудо, нели? Тие се како од друг свет, така?”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...