Tuesday, 10 May 2011 11:34 Фудбал

Шпанија Аитор Каранка вели дека Реал Мадрид следната сезона мора да победува на натпреварите во кои е јасен фаворит доколку сака да стави крај на доминацијата на Барселона


Каталонците се блиску до одбрана на трофејот од шампионатот на Шпанија со оглед на тоа дека им е потребен само бод од последните три кола.

Аитор Каранка, кој одново се појави на прес-конференцијата место Жозе Мурињо, вели дека Реал ќе се бори за титулата се додека има математички шанси.

Асистент тренерот исто така додава дека Кралевите оваа сезона загубиле преголем број бодови и повика ова да биде поправено следната сезона.

“Иако имаме почит кон сите, ние сме Реал Мадрид и се додека имаме математички шанси, ние нема да се откажеме.” – рече Каранка.

Иако Кралевите забележаа убедливи победи на гостувањата кај Валенсија и Севиља, поразите на домашен терен во дуелите со Спортинг и Сарагоса им зададоа голем удар во битката за титулата.

“Факт е дека во последно време играме подобро на гостувањата отколку на домашен терен.”

“Кога ќе го погледнете распоредот, можете да ги видите тешките гостувања, но ние загубивме на натпревари на кои не очекувавме пораз.”

“Потребно е да учиме од грешките и да се поправиме следната сезона. Не можеме да губиме бодови во натпревари во кои сме големи фаворити. Секој бод е важен во првенство како нашето.”

Реал Мадрид вчера го потврди првото засилување за следната сезона – Нури Сахин од Борусија Дортмунд.

“Тој е фудбалер кој демонстрираше висок квалитет и имаме големи очекувања.”

“Веруваме дека неговото пристигнување е позитивно. Клубот продолжува да работи на следната сезона, и факт е дека Сахин имаше одлична сезона.”

“Среќни сме бидејќи имаме големи очекувања од него.”

“Се наоѓаме на ист пат како и минатата година, ангажираме млади фудбалери кои оставија солидни импресии во важни првенства.”

“Истото се случи минатата сезона со Озил, Кедира и Ди Мариа помеѓу другите. Потребно е да бидеме трпеливи со Сахин бидејќи тој има 23 години и ова е Реал Мадрид.”

“Ќе биде потребно тој да се адаптира на тимот.”

За можноста Кристијано Роналдо да биде најдобар стрелец во Шпанија, Каранка рече: “Ќе биде добро за Роналдо и за целиот тим доколку тој го освои Пичичи Трофејот.”

“Очигледно, најважен е тимот како целина и ние да играме на најдобар можен начин, како што игравме против Валенсија и Севиља. Тоа е патот што треба да го следиме.”

“Погодоците на Кристијано се резултат на работата на целиот тим. Имаше натпревари на кои постигнавме многу погодоци благодарејќи на колективниот напор.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...