ВИЦ

Некое дете си тапкало во земја со гомна. Поминал некој и му рекол:
- Мали, што правиш бе?
- Тебе те правам.
Поминале уште неколку и истото им го кажал. Некој полицаец го слушнал детето и го прашал:
- Мали што правиш?
- Ништо, си играм.
- Јас мислев дека мене ме правиш!
- За тебе немам толку гомна. - одговорило детето.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Wednesday, 20 April 2011 10:35 Фудбал

Англија Сер Алекс Фергусон смета дека судијата требал да досуди пенал за Манчестер Јунајтед во финишот од натпреварот против Њукасл.


Манчестер Јунајтед вчера одигра 0-0 на Сент Џејмс Парк против Њукасл, во финишот од натпреварот Ернандез беше соборен од Дени Симпсон но судијата сметаше дека нема фаул за пенал и му додели жолт картон на Мексиканецот.

Фергусон смета дека таквата одлука била навредлива.

"Беше навредливо, бидејќи тој му покажа жолт картон на Ернандез" - изјави Фергусон за Sky Sports по натпреварот.

"Судијата имаше добар натпревар, мислам дека имаше одличен натпревар, но го расипа впечатокот покажувајќи му жолт картон на фудбалерот".

"Не досуди пенал - добро. Но да му дадете жолт картон, тоа е навредливо".

"Тоа беше чист пенал. Дефинитивно имаше контакт, нема сомнеж за тоа".

Но таква ситуација имаше и за Њукасл кога Андерсон стартуваше врз Питер Ловенкрандс во шеснаесетникот. "Не го видов тоа" - вели Фергусон.

И покрај критиките кон судијата, Фергусон има пофалби за играта на противникот особено за воведниот дел од натпреварот.

"Првите 20 минути Њукасл ги одигра исклучително добро".

"Ние игравме навистина добро во второто полувреме. Имавме голем посед на топката и додавањата беа одлични".

"Само не успеавме да му создадеме проблеми на голманот, тоа беше единственото нешто што недостасуваше".

По овој нерешен резултат, Манчестер Јунајтед има седум бода пред Арсенал но и натпревар повеќе, Фергусон вели дека во предвид треба да биде земен и Челзи кој има само два бода помалку од Топџиите.

"Мислам дека треба да внимаваме и на Челзи и како тие ќе одговорат. Тие имаат три домашни натпревари во серија сега".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...