Tuesday, 12 April 2011 19:07 Фудбал

Англија Фондацијата на Фанови на Арсенал нема да ги продаде своите акции на потенцијалниот нов сопственик Стен Кроенке


Бизнисменот од САД вчера започна процес за целосно превземање на Арсенал откако го обезбеди контролниот пакет акции во клубот.

Бордот на Арсенал им порача на сите акционери да ја прифатат понудата – 11 750 фунти за акција – но во Фондацијата на Фанови на Арсенал (Arsenal Supporters Trust) планираат да го задржат својот влог во клубот.

Повеќе од 100 членови на фондацијата вчера во вечерните часови имаа средба во Лондон на која се дискутирало за предложеното превземање на клубот по што било одлучено нивните акции да не бидат продадени на Стен Кроенке.

Порпаролот на фондацијата рече: “Арсенал е премногу важен за да биде поседуван само од еден човек.”

“Фондацијата на Фанови на Арсенал сака да работи со Стен Кроенке и да ја задржи можноста фановите на Арсенал да бидат инволвирани во сопственичката структура на клубот".

“Фондацијата на Фанови на Арсенал и Арсенал Фаншер нема да ги продадат акциите кои ги поседуваат и ги советуваат сите фанови да ја одбијат понудата.”

“За шест месеци Арсенал Фаншер шемата доби 1800 членови кои инвестираа 500 000 фунти во акции на Арсенал.”

Фондацијата на Фанови на Арсенал повикувајќи се на свои извори исто така пренесе дека Алишер Усманов нема да го продаде својот влог од 27% во Арсенал.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...