Tuesday, 12 April 2011 18:23 Фудбал

Шпанија Жозе Мурињо, кој утре ќе го има својот 500ти натпревар како тренер, изрази желба да биде дел од Реал Мадрид и кога ќе го прослави својот 600ти натпревар


’Специјалниот’ утре на средбата помеѓу Тотенхем и Реал Мадрид бележи еден убав јубилеј – 500ти натпревар во својата кариера како тренер.

“Би сакал да ја одработам мојата 600та средба тука во Реал Мадрид.” – рече Мурињо за весникот од Португалија Diario Economico.

“Тоа ќе значи дека јас и Реал заедно чекориме во правецот кој го посакуваме, заедно бележиме успех.”

Мурињо својата кариера како прв тренер ја започна на клупата на Бенфика во сезоната 2000/2001 а потоа ги предводеше Леириа, Порто, Челзи, Интер и сега Реал Мадрид.

Во овие 11 години тој освои 17 титули, шест првенства, три Купа, два Лига Купа, три Супер Купа, титула во УЕФА Купот и две во Лигата на Шампионите.

Запрашан за најдобрите натпревари во неговата кариера, Мурињо ја посочи средбата помеѓу Интер и Барселона што минатата сезона се одигра на Сан Сиро а Нероаѕурите ја добија со 3-1, дуелот Порто-Лацио и натпреварот на Вембли помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед.

Помеѓу најлошите натпревари, Мурињо ги вброи поразот од 5-0 што Реал го доживеа на гостувањето кај Барса, дуелот Белененсес-Порто, полу-финалниот дуел помеѓу Ливерпул и Челзи како и натпреварот помеѓу Аталанта и Интер.

’Специјалниот’ исто така не сакаше да ја отфрли можноста во иднина да го превзеде кормилото на селекцијата на Португалија велејќи ’никогаш не се вели никогаш’.

Мурињо објасни дека воопшто не е уморен од фудбалот и планира да продолжи во ист стил.

“Не сум заморен, ниту физички ниту психички. Имам намера да продолжам да уживам во она што го правам и да одработам уште 500 средби.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...