Monday, 04 April 2011 18:45 Фудбал

Англија Фудбалската Асоцијација на Англија покрена обвинение против Вејн Руни откако напаѓачот пцуеше кон камерата на средбата против Вест Хем


Руни пцуеше кон ТВ камерата откако го постигна својот трет погодок во победата на Манчестер Јунајтед од 4-2 над Вест Хем на Аптон Парк во саботата.

Англискиот интернационалец подоцна се извини за својата постапка но и покрај тоа ФА одлучи да покрене постапка и го обвини Руни за употреба на навредлив јазик.

Доколку Руни биде осуден за виновен по ваквите обвинувања, напаѓачот ќе добие суспензија од два натпревари.

“ФА денеска го обвини Вејн Руни од Манчестер Јунајтед за употреба на навредлив јазик при инцидентот што се случи на средбата против Вест Хем.“ – гласеше соопштението на ФА.

“Руни има можност до 5ти април, 18 часот (англиско време), да одговори на обвинувањата.“

Руни сега треба да одлучи дали да поднесе жалба или да го прифати обвинението.

Доколку реши да го прифати обвинението, тој ќе го пропушти дуелот со Фулам во Премиер Лигата како и средбата со Манчестер Сити во полу-финалето од ФА Купот.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...