ВИЦ

 

Основни животни намирници

 

ТВ екипа прави интервју со трговец во некоја локална продавница:

- "Кажете ни, кои производи најмногу се купуваат од вашата продавница?"

- "Па се купува само она основното. Значи пиво од 2 литри, цигари, се дополнува сметка за мобилен..."

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Monday, 04 April 2011 18:35 Фудбал

Лига на Шампиони Жозе Мурињо ги повика своите фудбалери да се фокусираат само на првата средба со Тотенхем во четврт-финалето од Лигата на Шампионите


’Специјалниот’ се појави на редовната прес-конференција во пресрет на утрешниот дуел со Тотенхем на Сантијаго Бернабеу.

Мурињо истакна дека Бензема нема да биде подготвен за утрешниот натпревар додека пак Роналдо, Марсело и Ди Мариа се неизвесни.

“Ова е натпревар во кој многу фудбалери сакаат да играат, но не се во можност.” – рече Мурињо.

“Поминаа неколку години откако Реал Мадрид играше натпревар од четврт-финале во Лигата на Шампионите.”

“Лигата на Шампионите е најважното клубско натпреварување во светот на фудбалот.”

“Секој што игра во него не треба да гледа далеку за да побара мотивација. Се што треба да направиме е да се фокусираме на овој натпревар.”

“Овој натпревар е премногу важен и премногу убав за играње за да мислиме на други работи.”

“Ништо друго не е важно кога се игра ваков натпревар.”

Неколку фудбалери на Реал Мадрид се мачат со повреди па Мурињо беше запрашан за тоа кого се има на располагање.

“Не знам како се чувствуваат тие, по тренингот ќе го објавам списокот со повикани фудбалери. Бензема нема шанси за настап зошто не тренира со нас.”

“Роналдо, Ди Мариа и Марсело се неизвесни.”

Во саботата, по поразот од Спортинг на домашен терен, Мурињо истакна дека и реми без погодоци против Спарс ќе биде добар резултат.

“Секогаш сум велел дека во Лигата на Шампионите, реми на првиот натпревар одигран на домашен терен не е лош резултат, особено ако е 0-0. Тоа е добар исход, но не значи дека ќе одиме на овој резултат. Реми на домашен терен не е лош исход во Лигата на Шампионите.”

Мурињо потоа проговори за менаџерот на Тотенхем, Хери Реднап.

“Хери Реднап е мој пријател и пријателите секогаш велат добри работи едни за други.”

“Не е потребно да кажам фини зборови за неговата работа. Секој може да го види неговиот успех. Среќен сум поради него.”

“Искрено посакувам да стигне до финалето доколку јас не можам да бидам таму.”

За Герет Бејл, кој се верува дека е трансфер цел и на Реал Мадрид, Мурињо додаде: “Јас бев еден од првите луѓе што кажа дека Герет Бејл ќе биде одличен фудбалер.”

“Го кажав тоа уште кога тој не беше толку познат лик во Европскиот фудбал”

“Знаев дека се работи за одличен фудбалер. Се работи за млад фудбалер кој има многу простор за подобрување.”

“Мислам дека ќе биде најдобар помеѓу најдобрите.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...