Monday, 21 March 2011 17:34 Фудбал

Италија Според медиумите од Италија, Милан би можел да го ангажира Шинји Кагава како замена за ветеранот Андреа Пирло


Андреа Пирло е под договор со Милан до крајот на сезоната и двете страни до сега не успеаа да пронајдат решение за продолжување на соработката.

Се шпекулира дека Росоњерите не сакаат да излезат во пресрет на финансиските барања на Пирло па управата на Милан веќе го разгледува трансфер пазарот и бара замена за италијанскиот интернационалец.

Извештаите на медиумите од Италија говорат дека Шинји Кагава од Борусија Дортмунд е име кое е особено привлечно за управата на Росоњерите.

Јапонскиот интернационалец оваа сезона е вистинско откритие откако Борусија Дортмунд за негов ангажман плати околу 350 000 евра минатото лето.

Кагава, кој во моментов е надвор од стројот поради повреда, со добрите игри го привлече вниманието на многу гиганти ширум Европа помеѓу кои Интер, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Се говори дека Кагава е проценет на околу 12 милиони евра и Милан сериозно размислува да ја плати оваа сума за ангажман на Јапонецот.

Доколку Милан не успее да стигне до потписот на 22 годишната ѕвезда на Борусија Дортмунд, Росоњерите би можеле да се насочат кон Давид Пизаро од Рома.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...