Friday, 11 March 2011 16:11 Фудбал

Шпанија Жозе Мурињо уште еднаш го истури својот бес кон фудбалските власти во Шпанија и вели дека Реал Мадрид не добива фер третман со распоредот за натпреварите


’Специјалниот’ во неколку наврати посочуваше дека Барселона добива поповолен распоред од останатите екипи и на денешната прес-конференција во пресрет на дуелот со Херкулес, стратегот на Реал Мадрид уште еднаш го истури својот бес.
Мурињо е лут на фактот што Реал Мадрид откако во среда ќе игра во Лигата на Шампионите против Лион, следната сабота ќе мора да му гостува на Атлетико Мадрид во жешкото градско дерби.

За разлика од нив, Барса која во вторникот играше против Арсенал, во недела ќе гостува кај Севиља.

Со ваквиот распоред, По настапите во Европа, Каталонците ќе имаат еден ден повеќе одмор во споредба со Реал Мадрид и Мурињо верува дека Кралевите не добиваат фер третман.

“Не сум глупав. Сите знаеме дека сме во позиција каде што првенството ќе биде загубено доколку загубиме бодови и разликата се зголеми.” – рече Мурињо.

“Имаме тим што игра натпревар од Лигата на Шампионите во вторник и потоа игра во првенството во недела (Барса оваа недела).”

“За разлика од ова, друг тим ќе игра во Европа во среда и потоа во сабота во првенството (Реал Мадрид).”

“Сите не добиваат иста шанса за натпреварување. Сите не добиваат еднаков фер третман.”

“Некој се обидува пред време да стави крај на првенството.”

Кристијано Роналдо не е повикан за дуелот со Херкулес но Мурињо вели дека CR7 сигурно ќе игра против Лион.

“Роналдо нема да игра против Херлулес зошто не е 100% фит. Но сигурен сум дека ќе игра против Лион зошто ќе тренира во сабота, недела, понеделник и вторник.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...