Friday, 11 March 2011 16:07 Фудбал

Англија Фернандо Торес вели дека хаосот што настанал во Ливерпул по сагата за превземање на клубот е причината зошто тој решил да го напушти Енфилд за преселба во Челзи


Ливерпул во октомври минатата година беше продаден на Њу Ингленд Спортс Венчерс но превземањето воопшто не беше лесно откако поранешните сопственици Џорџ Жилет и Том Хикс не се сложуваа со понудената сума и покренаа судски процес.
Според Торес, сагата околу превземањето на клубот направила хаос на Енфилд и токму тоа е една од причините поради која напаѓачот решил во јануари да направи трансфер во Челзи вреден 50 милиони фунти.

Шпанскиот интернационалец знаел дека на ’Црвените’ ќе им треба време за да изградат тим и чувствувал дека е прав момент за тој да побара нов клуб.

“Знаев дека сум идол на фановите но повеќе работите не беа исти.” – рече Торес за Marca.

“Институцијата беше во хаос со сагата за превземање. Многу се говореше за можни проекти.”

“На многу начини тоа ме потсети на Атлетико Мадрид (поранешниот клуб на Торес).. одлична историја, многу идеи но без пари, потребно е време. Јас го немам тоа.”

Торес потоа објасни зошто одбрал преселба во Челзи.

“Овој клуб и градот ми нудат се што треба за да го остварам мојот сон.“

“Кога ја напуштив Шпанија за Ливерпул мислев дека тоа дефинитивно ќе биде трансферот на мојот живот но на крајот не испадна така.“

“Можеби имам уште пет години од кариерата за играње во топ форма и потребно е да сторите се што можете за да го остварите вашиот сон, па затоа Челзи е идеален избор.“

“Не сакав да се преселам во Манчестер Јунајтед поради почитта кон фановите на Ливерпул. Немаше да потпишам за Реал Мадрид бидејќи сум фан на Атлетико.“

“На Барса не е и потребен тип на фудбалер како мојот а Италија не ме привлекува, па затоа изборот падна на Челзи.“

Иако Торес игра очајно во дресот на Челзи каде сеуште е без постигнат погодок, напаѓачот е задоволен што се преселил на Стемфорд Бриџ.

“Не очекував дека лесно ќе се адаптирам во Челзи. Никогаш не е лесно. Во иста ситуација се најдов и кога пристигнав во Ливерпул.“

“Потребни ви се два месеци на адаптација на нешто ново, дури и повеќе доколку направите трансфер во февруари. “

“Челзи докажа дека има фудбалери од топ ниво во сите департмани и дека тие секогаш ќе бидат компетитивни, без разлика што ќе се случи.“

“Имаат сопственик што е подготвен да инвестира кога тоа е потребно.”

Шпанецот потоа проговори и за атмосферата на Стемфорд Бриџ. “Во Челзи има повеќе персонални односи и шеги помеѓу играчите во споредба со Ливерпул.”

“Таму сите беа многу сериозни.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...