Friday, 04 March 2011 17:34 Фудбал

Останато Феенорд потврди дека денеска со Интер ги потпишале документите за трансфер на 18 годишниот Лук Кастаигнос на Џузепе Меаца


Феенорд и Интер од поодамна начелно постигнаа согласност за преслба на младиот напаѓач во Милано, во трансфер за кој медиумите шпекулираат дека е вреден околу 3-4 милиони евра.

Клубот од Холандија на почетокот од оваа недела му дозволи на Лук Кастаигнос да замине во Милано каде што успешно ги помина лекарските тестови со актуелниот шампион на Италија и стави потпис на четиригодишен договор.

Феенорд со соопштение на својата официјална веб страна потврди дека денеска биле потпишани документите за трансферот на Лук Кастаигнос во Интер, кој ќе се реализира на 1ви јули 2011.

Откако се врати од Милано 18 годишниот напаѓач за feyenoord.nl рече: “Мојата посета на Интер беше навистина убаво искуство.”

“Во Милано веднаш забележав дека во Италија се се работи за фудбалот.”

“Ми приредиа топол пречек а потоа успешно ги поминав лекарските прегледи и ставив потпис на договорот во канцелариите на Интер.”

“Радосен сум и горд што следната сезона ќе бидам фудбалер на еден од најдобрите клубови во светот.”

“Сеуште не се сретнав со тренерот, но летоска ќе имам многу време за тоа.”

Кастаигнос важи за еден од поголемите таленти на европскиот фудбал и во последните неколку недели, Манчестер Јунајтед имаше неуспешни обиди да го украде напаѓачот од пред носот на Интер.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...