Wednesday, 02 March 2011 14:43 Фудбал

Шпанија Жозе Мурињо застана во одбрана на Кака и вели дека е потребно тие да бидат трпеливи со плејмејкерот и да не го ставаат под притисок бразилецот


Бразилскиот интернационалец сеуште се мачи со формата откако на почетокот од годината се врати во составот на Жозе Мурињо по неколку месечната пауза поради повреда.

Се шпекулираше дека Реал е подготвен да го продаде крајот на сезоната но Жозе Мурињо повика на трпеливост.

“Кака немаше настап шест месеци.” – рече Мурињо на денешната прес-конференција. “Додатно, тој скоро 18 месеци не игра во оптимална форма поради чести проблеми со повредите.”

“Тој се наслонува на талентот и брзината, и тоа не му ја олеснува работата.”

“Не очекувам тој веднаш да биде фудбалерот од минатото кога ја освои Златната Топка.”

“Кака поминува низ еден природен процес и потребно е да му помогнеме.”

“Се работи за фантастично момче и одличен фудбалер. Потребно е да бидеме трпеливи и да му овозможиме да работи без притисок.”

“Јас не ставам никаков притисок врз него.”

За дуелот против Малага, натпревар на кој ’Специјалниот’ нема да може да смета на услугите на Пепе, Мурињо рече: “Потребно е да победиме утре.”

“На средбата со Депортиво игравме 30 минути со многу офанзивни фудбалери и 15 минути со тројца дефанзивци. Потребно е да победуваме и мораме да превземеме ризик.”

“Мануел Пелегрини (сегашниот тренер на Малага а екс-стратег на Реал) имаше добра сезона во Ла Лига со Реал Мадрид минатата година и очекувам публиката да го поздрави.”

“Вратата на нашата соблекувална е отворена за него.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...