Tuesday, 22 February 2011 12:32 Фудбал

Лига на Шампиони Џон Тери вели дека сега Лигата на Шампионите е приоритет на Челзи и верува дека Сините имаат квалитет за да стигнат до самиот крај.


Челзи долго време е надвор од посакуваната форма, по елиминациите од англиските купови и големото заостанување зад Манчестер Јунајтед, единствена можност за спас на сезоната остана Лигата на Шампионите.
Џон Тери е свесен за тоа, Челзи денеска му гостува на Копенхаген, а капитенот верува дека Сините имаат капацитет да одат далеку во Лигата на Шампионите.

"Лигата на Шампионите е нашиот приоритет. Тешко е да го стигнеме Манчестер Јунајтед во лигата и покрај тоа што треба да играме два пати со нив, па фокусот треба да го ставиме на ова натпреварување" - вели Џон Тери.

"Имаме голем квалитет во тимот и со доаѓањето на Фернандо Торес и Давид Луиз (нема право на настап во ЛШ) ние сме уште посилни".

"Тешките моменти оваа сезона се дел од пакетот за станување фудбалер. Разочаран сум, но не се предаваме".

"Имаме самодоверба и ги имаме фудбалерите за борба на највисоко ниво, време е да се разбудиме".

"Нашата сегашна ситуација може комплетно да се промени доколку одиграме добро во Лигата на Шампионите".

"Ќе биде тешко против Копенхаген, тие се силни, ќе вршат притисок а и опасни се од контри, но ние сме гладни за успех и доколку одиграме онака како што треба ќе имаме шанси да го подигнеме трофејот на Вембли во мај".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...