Tuesday, 22 February 2011 12:23 Фудбал

Англија Хери Реднап потврди дека постојат шанси Дејвид Бекам да се врати во составот на Тотенхем откако ќе истече договорот на фудбалерот со ЛА Галакси.


Бекам ги помина последните шест недели на тренинг со Спарс откако двата клуба не можеа да се договорат за краткорочна позајмица.
Престојот на англискиот интернационалец на Вајт Харт Лејн заврши вчера но Бекам би можел повторно да се пресели во Тотенхем во ноември кога неговиот договор со ЛА Галакси ќе истече.

Хери Реднап вели дака во моментов не размислувал за ваквата можност но со оглед на посветеноста што ја прикажувал Бекам на тренинзите менаџерот на Спарс е отворен за ангажман на фудбалерот.

Запрашан дали верува дека Бекам ќе биде заинтересиран за враќање во Тотенхем, Реднап рече: “Да, мислам дека тој ќе сака да види какви опции има и што ќе му донесе иднината.”

“Тој е зафатено момче, нековиот живот сигурно е незамислив, но кога имате момче кое сака да дојде тука и да тренира секој ден а може да се одмара дома цел месец, тоа доволно ви говори за него. Тој го сака фудбалот.”

“Одлично е тоа што тој беше дел од нас, тој е фраер од топ класа, навистина добро момче.”

“Бекам е добредојден во клубот во било кое време. Мислам дека ќе му донесеше додатен квалитет на тимот доколку настапуваше на позајмица.”

“Но кој знае? Не е невозможно тој да се врати тука во иднина. Бекам сеуште може да игра, сеуште може да направи одлично додавање.”

“Не сум размислувал за да го вратам во ноември – претседателот ќе треба да го разгледа тоа, не знам каква ќе биде финансиската страна од сето тоа – не би имал престава колку ќе чини тоа.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...