Tuesday, 22 February 2011 12:16 Фудбал

Лига на Шампиони Жозе Мурињо има почит кон Лион, вели дека Реал Мадрид треба да одигра одлично и на двата натпревари доколку сака пласман во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите.


Вечерва Реал Мадрид му гостува на Лион, непријатниот противник од Лигата на Шампионите.
Жозе Мурињо вели дека Кралскиот клуб е шампион на Европските шампиони и со таква верба ќе влезат во овој дуел.

"Дуелот со Лион е нешто ново за многу од моите луѓе. Францускиот тим ми враќа спомени бидејќи јас ги елиминирав од Лигата на Шампионите една година кога ја освоив титулата, тогаш бев заедно и со Карваљо. А истото го има направено и Кристијано" - вели Жозе Мурињо на прес конференцијата пред дуелот со Лион.

"Немавме некои посебни или поразлични подготовки за овој натпревар. Од синоќа почнавме да зборуваме за овој натпревар. Знаеме што сакаме и што треба да направиме за да излеземе како победници од овој дуел".

Запрашан што ќе биде клучно за да се добие овој натпревар, Мурињо на шала одговори:

"Клучно ќе биде да постигнеме повеќе голови од нив (се смее). Сега сериозно, Лион е тежок, интелегентен противник кој точно знае како да ги игра овие натпревари".

"Треба да прикажеме одлични перформанси и во двата натпревари за да ги поминеме. Ќе имаме проблеми доколку веруваме дека ќе биде лесно".

"Нашата почит кон нашиот противник треба да биде базирана на она што е денес, не на она што било минатата година".

"Реал Мадрид е шампион на сите Европски шампиони и ќе играме со таа верба. Знаеме што мораме да направиме за да се пласираме во следната рунда".

"Нормално зборувам за составот со кој ќе настапиме, но тоа нема да го направам овој пат. Јас сум единствениот кој знае кои ќе играат на натпреварот. Ниту еден друг од моите луѓе не знае".

"Ќе видиме дали ќе ја освоиме Лигата на Шампионите или нема. Сега мораме да поминеме два ѕида: да се пласираме во 1/4 финалето и да го победиме Лион".

"Имав слична ситуација и во Интер и на крајот ја освоивме Лигата на Шампионите, но треба да почекаме и да видиме дали тоа ќе се случи и оваа година".

"Зинедин Зидан ни даде информации за Лион, бидејќи го знае подобро францускиот фудбал отколку ние. Тој исто го знае подобро Реал Мадрид отколку сите други што сме во тимот. Секогаш ќе биде со нас во Лигата на Шампионите, но овој пат можеби и уште поблиску. Тој два месеци работи на тоа".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...