Monday, 14 February 2011 15:18 Фудбал

Лига на Шампиони Арсен Венгер вели дека не е подготвен да превземе ’лудо коцкање’ со фитнесот на Самир Насри за средбата со Барселона во среда


Интернационалецот од Франција ја повреди задната ложа пред неколку недели и е во трка со времето за да биде фит за првата средба со Барселона во 1/8 – финалето од Лигата на Шампионите.
Арсен Венгер вели дека Насри денес и утре ќе има нови тестови кои ќе утврдат каква ќе биде инволвираноста на играчот против Барса.
 
Но менаџерот на Топџиите не е подготвен да ризикува со оглед на зафатениот распоред што го има Арсенал.

“Насри ќе има нови тестови.” – рече Венгер. “Еден во понеделник и еден во вторник.”

“Во последната недела тој работеше многу напорно. Физички е подготвен, но постои ризик повредата да биде обновена.”

“Нема да превземам лудо коцкање.”

“Секој фудбалер очајно посакува да игра. Но има уште еден натпревар за три недели. Исто така имам дуел со Лејтон Ориент, финале во Карлинг Купот, имаме многу натпревари во следниот период и важно е да не направиме глупав потег.”

Венгер исто така верува дека овој Арсенал е во подобра форма во споредба со оној Арсенал што минатата сезона играше против Барселона во четврт-финалето од Лигата на Шампионите.

“Лично јас верувам дека пристапуваме на дуелот со Барселона во подобра форма во споредба со минатата година. Сега и Робин ван Перси е дел од составот.”

“Минатата година имавме помалку доверба. Сега сме созреани и секако дека подобро можеме да се натпреваруваме со Барса од технички аспект.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...