Thursday, 10 February 2011 20:08 Фудбал

Челзи потврди дека дефанзивецот Бранислав Ивановиќ ставил потпис на нов петиполгодишен договор


Ивановиќ пристигна на Стемфорд Бриџ во јануари 2008 кога Челзи го предводеше Аврам Грант, но дефанзивецот дебитираше дури во септември кога предводник на Сините беше Луиз Фелипе Сколари.

Српскиот интернационалец потоа за кратко време се етаблираше како првотимец во Челзи и сега важи за клучен член на составот на Карло Анчелоти.

Неколку клубови, меѓу кои Интер, Милан и Јувентус посакуваа во своите редови да го видат 26 годишниот Бранислав Ивановиќ но дефанзивецот секогаш најавуваше дека сака да продолжи да го носи дресот на Челзи.

По неколку месечни преговори Челзи и Ивановиќ постигнаа согласност за новиот договор па Ивановиќ денеска стави потпис на документите и ја продолжи верноста кон Сините до 2016.

“Бранислав Ивановиќ стави потпис на нов договор според кој ќе остане во Челзи до 2016.” – гласеше соопштението на Челзи.

За ТВ каналот на Челзи, Ивановиќ рече дека е среќен што ставил потпис на нов договор и вели дека немало проблеми во преговорите.

“Ова се добри вести за мене, ова е голем чекор за мене во мојата кариера и сакам да го дадам максимумот и да се обидам да помогнам Челзи да освои многу трофеи.” – рече Иванович.

“Потребно е време за да се постигне согласност за нов договор но мојата прва визија отсекогаш беше да останам во Челзи.”

“Немаше многу проблеми бидејќи сакав да останам тука, клубот исто така сакаше да останам и сакам да им се заблагодарам на сите кои помогнаа за новиот договор.”

“Многу сум среќен со сето ова.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...