Thursday, 03 February 2011 15:57 Фудбал

Англија Арсен Венгер го нападна Дејвид Мојс за јавните критики за настаните што се случиле во тунелот за време на полувремето од средбата помеѓу Арсенал и Евертон


На полувремето Топџиите имаа еден гол заостанување откако арбитрите го признаа погодокот на Луис Саха, иако напаѓачот на Евртон се најде во офсајд позиција.

Капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас имаше дебата со судијата Ли Мејсон веднаш по погодокот на Саха, но Мојс по крајот на средбата откри дека шпанскиот интернационалец требал да биде исклучен зошто упатил ’одвратни’ коментари кон судијата за време на паузата помеѓу двете полувремиња.
The Sun и Daily Mail повикувајќи се на извори од Евертон денеска објавија дека Фабрегас го обвинил судијата Мејсон за земање пари.

ФА не покрена никаква постапка против Фабрегас зошто судијата не навел ништо во својот извештај.

Венгер денеска застана во одбрана на својот капитен и го нападна менаџерот на Евертон, велијќи дека инцидентот никогаш не требал да излезе во јавност.

“Цеск Фабрегас не му кажа ништо на судијата. Цеск Фабрегас не е обвинет за ништо, па целата приказна за мене е завршена.” – рече Венгер.

“Верувам дека Мојс погреши кога јавно проговори за она што мислел дека слушнал во тунелот.”

“Доколку јас зборувам за она што сум го слушнал во тунелите во последните десет години, сите ќе останете зачудени. Мислам дека има правило во нашата работа според кое никогаш не се коментира она што ќе се каже во моментите кога атмосферата е вжештена. Вообичаено тоа се почитува од сите.”

“Доколку Цеск е виновен, ФА ќе покренеше обвинение. Но ФА не покрена постапка, нема никаква акција против него, па не знам зошто би трошел време за да бранам некого кој воопшто не е виновен.”

“За мене, инцидентот е завршен.”

Запрашан дали мисли дека се работи за ’лов на вештерки’ против Фабрегас, менаџерот на Арсенал одговори: “Да. Долго време сме во оваа работа за да знаеме дека некој подолго време ве пикира, и дека се ноѓате во вжештени моменти.”

“Но она што е важно за мене е играчите да се однесуваат добро. Кога Цеск е на теренот, се обидува да игра фудбал – не можам да кажам дека сите оние што играат против него се обидуваат да го прават истото.”

“На пример, некои луѓе му замеруваат зошто не разменил дрес со фудбалер по крајот на средбата – но се надевам дека тој нема да размени дрес со фудбалер кој се обидувал да го удри во текот на сите 90 минути и по крајот на средбата му рекол ’те молал, може ли да ги размениме дресовите’.”

“Мислам дека тоа е нормална и природна реакција. Во глобала ова момче е пример на фудбалскиот терен и покажува како да играте фудбал.”

“Луѓето имаат огромни барања, и Цеск мора да живее со тоа. Воопшто не е лесно, но тој е интелегентен и брзо ќе научи како де се справува со сето тоа.”

“Цеск има 24 години, одигра 250 натпревари во Премеир Лигата – на тие години, тоа е извонредно постигнување.”

“Има поминато низ многу тешки моменти но секогаш излегувал посилен – ова момче е фантастичен лидер.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...