Friday, 28 January 2011 19:48 Фудбал

Шпанија Диего Форлан открива дека Атлетико Мадрид одбил понуда од Реал Мадрид за неговите услуги


Уругвајскиот интернационалец оваа сезона игра во слаба форма и се шпекулираше дека неколку клубови се обидуваат да стигнат до неговите услуги.
Форлан открива дека неодамна Реал Мадрид се обидел да го ангажира но Атлетико Мадрид експресно ја одбиле понудата.

Напаѓачот додава дека тој е верен на Атлетико исто како и секогаш и посакува да го испочитува својот договор.

“Вистина е дека Реал доставиле понуда за моите услуги но Мигел Анхел Гил Марин ја одби понудата и стави до знаење дека јас не сум на продажба.” – рече Форлан.

“Тој подоцна му се јави на мојот агент за да му соопшти што се случило и каква одлука била донесена.”

Запрашан дали тој посакувал понудата да биде прифатена, Форлан одговори: “Добро ми е тука. Не мислам за иднината. Што и да кажам, сигурно сум дека погрешно ќе бидам разбран.”

“Сакам со Атлетико Мадрид да играм во Лигата на Шампионите. Оние што ме познаваат, знаат како се чувствувам.”

“Луѓето секогаш говорат за се. Јас сум смирен и мојата верност и посветеност е иста како и секогаш.”

“Тоа што имав лош период не значи дека сум помалку верен на клубот, јас секогаш се обидувам да го дадам максимумот и да постигнувам погодоци.”

Интернационалецот од Уругвај исто така инсистира дека шпекулациите за негово заминување од Атлетико, доаѓаат само од медиумите.

“Вие сте тие што правите галама. Потребно е да се пополнат страните во весниците и да се пополнат часовите на радио програмите.”

“Би сакал да го испчитувам својот договор со Атлетико. Никогаш не ми поминало низ мислите да заминам од тука.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...