Friday, 28 January 2011 19:39 Фудбал

Италија Интер го потврди ангажманот на напаѓачот на Сампдорија, Џампаоло Пацини кој стави потпис на четирииполгодишен договор


Медиумите од Италија уште вчера најавија дека Интер е пред ангажман на Пацини откако е постигнат договор со Сампдорија за трансфер на напаѓачот вреден 12 милиони евра плус услугите на Џонатан Биабиани.
Откако денеска ги помина лекарските прегледи, Пацини стави потпис на четирииполгодишен договор со Нероаѕурите комплетирајќи ја својата преселба на Џузепе Меаца.

“Џампаоло Пацини официјално е фудбалер на Интер.” – гласеше соопштението на Нероаѕурите.

“26 годишниот напаѓач – италијански интернационалец со 16 погодоци на 58 натпревари и 64 погодоци во Серија А зад своето име – стави потпис на четирииполгодишен договор до 30ти јуни 2015.”

“Лудовик Џонатан Биабиани ќе се пресели во Сампдорија како дел од зделката.”

“Пацини ќе го носи дресот со бројт 7.”

Напаѓачот, кој утре ќе биде презентиран пред медиумите, за ТВ каналот на Интер изјави дека воопшто не очекувал дека ќе замине од Сампдорија во јануари.

“Поздрав до сите фанови на Интер, јас сум многу среќен што сум тука.” – беа првите зборови на Пацини во ексклузивниот разговор со ТВ каналот на Интер.

“Се е убаво тука. Ова е големо изненадување. Дојдов тука и сеуште не разбирам што се случи. Емоциите се огромни.”

“Во денешниот фудбал ништо не можете со сигурност да знаете. Ова беше нешто многу брзо, нешто кое јас апсолутно не го очекував. Но повторувам дека сум среќен.”

“Веќе играв во сино-црн дрес (со Аталанта). Сега повторно ќе ги носам овие бои.”

“Имам огромна желба и ентузијазам да се покажам во одлично светло.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...