Thursday, 27 January 2011 15:58 Фудбал

Шпанија Емануел Адебајор беше презентиран како нов фудбалер на Реал Мадрид откако напаѓачот стави потпис на шестмесечен договор со Кралскиот клуб


Реал уште пред два дена потврди дека има договор со Манчестер Сити за позајмица на Емануел Адебајор до крајот на сезоната.

Интернационалецот од Того вчера успешно ги помина лекарските прегледи а утрово тренираше со Кастиља тимот со оглед на тоа дека првиот тим имаше слободен ден по вчерашната средба со Севиља во Копа дел Реј.

По тренингот, Адебајор стави потпис на договор според кој ќе остане на Сантијаго Бернабеу во следните шест месеци.

Вториот потпретседател Едуардо Фернандез де Блас, генералниот директор Хорке Валдано, спортскиот директор Мигел Пардеза и неколку членови на бордот на Реал му посакаа добредојде на играчот.

Задно со Валдано, интернационалецот од Того потоа се појави на прес-конференција пред медиумите.

“Благодарен сум што сум дел од овој клуб. Ова е голема шанса.” – рече Адебајор.

“Во Реал Мадрид се чувствувам исто како дома.”

“Во овие шест месеци ќе го дадам максимумот за да помогнам тимот да победува и да освојува титули и да му донесам слава на овој клуб.”

“Реал Мадрид е најголемиот предизвик во мојата кариера и подготвен сум да се соочам со тоа.“

“Утрово разговарав со Жозе Мурињо, Среќен сум што сум тука, особено по она што се случи во последните шест месеци. Многу сум среќен што сум тука.”

“Јас сум фудбалер и потребно е да играм. Во Манчестер Сити немаа доверба во мене и одлучија да се потпрат на други фудбалери. Јас сакав само да играм и Мадрид ми дава таква можност.”

“Во моментов ќе бидам шест месеци тука. Многу сум задоволен, чест ми е што сум тука. Благодарен сум што можам да бидам дел од проектов.”

“Се надевам дека со многу погодоци ќе возвратам за довербата која ми беше укажана.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...