Wednesday, 01 April 2009 18:32 Фудбал
Македонија по ново изненадување во Холандија...

 

Македонската репрезентација вечерва на Амстердам арената ќе се обиде да ја изненади силната холандска селекција.
Македонија вечерва има тешка мисија, нашите фудбалери ќе се обидат да ја изненадат силната Холандија, која важи не само за најдобра селекција во нашата група, туку и една од најдобрите во светот.
Не им е непознато на нашите фудбалери како се стигнува до поволен резултат на Амстердам арената, на 12ти октомври 2005 на овој стадион одигравме без голови со Лалињата.
За жал последните денови од подготовките за дуелот против Холандија поминаа во сенка на кавгата помеѓу нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев и селекторот Сречко Катанец. Се надеваме дека тензиите нема да се одразат и на вечерашниот натпревар.
Катанец најверојатно натпреварот ќе го започне со неговата стандардна формација 3-5-2.
На голот ќе биде Јане Николовски, стандардно стоперското трио го сочинуваат Седлоски, Митрески и Новевски.
Странични офанзивни бекови ќе бидат Горан Попов на левата страна и Гроздановски на десната страна.
Како дефанзивни фудбалери во средниот ред ќе истрчаат Величе Шумуликоски и Ванчо Трајанов а пред нив ќе биде Дарко Тасевски.
Напаѓачкото дуо ќе го сочинуваат Илчо Наумоски и Горан Пандев.
Холандската селекција има огромен фонд на фудбалски ѕвезди, сепак Робин ван Перси поради повреда нема да биде дел од овој дуел.
Според холандските медиуми селекторот Берт ван Марвијк со следниов состав ќе го започне натпреварот.
На голот ќе биде Стекелембург, во одбраната се Ван Бронхорст, Матијсен, Ојер и Ван дер Вилд.
Дефанзивни фудбалери во средниот ред ќе бидат Де Јонг и Ван Бомел, на крилните позиции Аријан Робен и Дирк Кајт.
Најистурен во нападот ќе биде Клас јан Хунтелар а позади него ќе игра Весли Снајдер.
И покрај тоа што квалитетот за неколку класи е на страната на Холандија, не треба се предадеме однапред.
Македонија е позната по тоа што знае одлично да одигра против големите репрезентации, зошто да не биде така и вечерва.
Да им посакаме среќа и добра игра на нашите миленици, и околу 22:30 часот да oбјавиме радосни вести од овој натпревар. 

 

 

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...