Thursday, 20 January 2011 14:33 Фудбал

Англија Кени Далглиш одржал продуктивни разговори со сопствениците на Ливерпул и верува дека тие ќе му овозможат средства за ангажамн на нови фудбалери


Зимскиот трансфер период полека одминува а Ливерпул сеуште нема донесено нови имиња во својот состав кој игра далеку под можностите.

Медиумите продолжуваат да ги поврзуваат ’Црвените’ со ангажман на неколку големи имиња но сеуште ниту една зделка не е комплетирана.

Кени Далглиш одржа разговори со сопственицте на Ливерпул и менаџерот открива дека Џон В. Хенри и Том Вернер ветиле дека ќе има финаниски средства за ангажман на нови лица.

“Сопствениците се добри луѓе и имав позитивна средба со Џон и Том.” – рече Далглиш.

“Разговаравме за многу работи, очигледно е дека една од работите е трансферите.”

“Нема да има проблем со трансферите се додека се однесуваме одговорно.”

“Можеме да следиме фудбалери и да се обидеме да ги ангажираме.”

“Секогаш кога сум настапувал на трансфер пазарот сум се однесувал одговорно и ќе продолжам во ист стил. Ќе се обидам да ги трошам парите на клубот исто како да се мои.”

Еден фудбалер кој силно се поврзува со преселба во Мерсисајд е напаѓачот на Ајакс Луис Суарез.

Но Далглиш одбива да потврди дали уругвајскиот интернационалец е дел од трансфер целите на Ливерпул.

“Нема да говориме за имиња ниту пак за сума на пари.” – додаде Далглиш.

“Не сакаме да ги доведеме луѓето во заблуда. Имаме голема одговорност да ја вршиме нашата работа на начин на која таа се вршела од кога јас го познавам клубот и тоа е дел од приватноста.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...