Thursday, 13 January 2011 17:58 Фудбал

Англија Томаш Кушчак вели дека има доволно квалитет за да го наследи Едвин ван дер Сар и додава дека Манчестер Јунајтед не треба да бара нов топ голман


Се очекува ветеренот Едвин ван дер Сар да стави крај на кариерата по крајот на оваа сезона.

Сеуште не е јасно кој ќе го наследи искусниот Холанѓанец откако Јунајтед веќе го ангажираше Андерс Линдегард а додатно ’Црвените Ѓаволи’ продолжуват да се поврзуваат со неколку голмани.

28 годишниот Томаш Кушчак, кој е стартер на последните три средби поради настинката на Ван дер Сар, одлучно посакува да биде долгорочна замена за Холанѓанецот и интернационалецот од Полска верува дека има доволно квалитет за да биде голман број 1 на Олд Трафорд.

За Manchester Evening News тој рече: “Знам дека го немам најголемото име во светот, и не сакам ова да случи арогантно... мислам дека сум доволно добар.”

“Разговарав во неколку наврати со Сер Алекс Фергусон и тој ми рече дека ќе видиме што ќе се случи на крајот од сезоната.”

“Јас само знам дека треба да одиграм добро секогаш кога ќе ми се укаже шанса бидејќи тоа е единствениот начин за да го импресионирам менаџерот.”

“Доколку Сер Алекс Фергусон одлучи дека не сум доволно добар, тогаш ќе побарам друг клуб.”

“Се е отворено сега. Реален сум за мојата ситуација. Не сум исплашен од можноста да бидам наследник на Едвин. Зошто би бил? Не сум нов тука.”

“Доколку долги години играм за овој клуб, ќе бидам навистина среќен бидејќи тоа е мојот сон.”

“Дојдов во Манчестер за да се обидам да бидам топ голман долги години, исто како мојот идол Петер Шмајхел.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...