Tuesday, 28 December 2010 21:51 Фудбал

Англија Капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас вели дека тие биле фантастични против Челзи откако вчера славеа со 3-1 во дуелот со актуелниот шампион во Премиер Лигата


Арсенал во пресрет на пресметката со Челзи, имаа многу лош скор во дуелите со градскиот ривал односно пет порази во низа во последните две години.

Но Топџиите со 3-1 конечно успеа да ја прекине ваквата традиција и покажаа дека оваа сезона можат да се борат за титулата во Премиер Лигата.

Цеск Фабрегас, кој еднаш се запиша во листата на стрелците а и асистираше при погодокот на Тео Волкот, вели дека вербата што ја имале тој и неговите соиграчи се покажала како одлучувачка.

“Вербата беше разликата.” – рече Фабрегас за Sky Sports 1. “Разликата помеѓу добар тим и одличен тим е мала.”

“Ние одигравме како одличен тим. Бевме фантастични.”

Арсенал со оваа победа остана на второто место (Топџиите имаат ист број бодови со Манчестер Сити но подобра гол разлика) со два бода негатива во однос на Манчестер Јунајтед.

“Првенството е многу изедначено.” – додаде Цеск, кој поради пет жолти картони е суспендиран за утрешното гостување на Арсенал кај Виган.

“Секој може да биде шампион. Ќе се обидема да го дадеме максимумот.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...