Saturday, 25 December 2010 15:52 Фудбал

Англија Парк Џи Сунг очекува Манчестер Јунајтед сеуште да биде на врвот од Премиер Лигата кога тој ќе се врати од интернационална должност


Играчот од средниот ред ќе настапи против Сандерленд на Боксинг Деј и потоа ќе и се приклучи на селекцијата на Јужна Кореја за Купот на Азија што следниот месец се игра во Катар.

29 годишниот Парк беше стрелец на единствениот погодок на средбата помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал со што му овозможи на својот тим да освои три бода и да дојде на првото место на табелата во пресрет на зафатениот распоред за Божиќ.

Сега Парк, кој нема да му биде на располагање на Ферги околу еден месец, очекува Манчестер Јунајтед сеуште да биде на врвот кога тој повторно ќе се врати на Олд Трафорд.

“Силно верувам дека Јунајтед сеуште ќе биде на позицијата број 1 кога ќе се вратам.” – рече Парк. “Не се сомневам дека ќе бидеме на истата позиција на која се наоѓаме и во овој момент.”

“Играњето за националниот тим е голема чест но ќе пропуштам неколку средби на Јунајтед, што е прилично разочарувачки.”

“Но Манчестер Јунајтед има доволно голем состав да биде силен и верувам дека клубот ќе забележи добри резултати и без мене.”

Тој потоа додаде: “Ќе внимавам на резултатите на Јунајтед. Многу фудбалери од Јужна Кореја се интересираат за Премиер Лигата.”

“Ти ме прашуваат каков е животот таму, па се обидувам да им дадам одговор.”

Се говори дека наскоро Парк Џи Сунг ќе соопшти дека става крај на интернационалната кариера.

“Во моментов не можам да кажам ништо. Можеби ќе можам да кажам нешто по Купот на Азија.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...