Friday, 17 December 2010 14:35 Фудбал

Лига на Шампиони Менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап го опиша дуелот со Милан во правата нок-аут фаза од Лигата на Шампионите како ’фантастичен’ и ’голем предизвик’


Откако во фазата по групи Тотенхем играше против Интер, денешната ждрепка во Нион донесе Хари Реднап и неговите избраници повторно да се вратат во Милано кога следната година ќе продолжат натпреварите од Лигата на Шампионите.

Спарс го добија Милан како противник во 1/8 – финалето и Хари Реднап вели дека средбата со Росоњерите ќе биде фантастична и голем предизвик за нив.

“Ова е одлична ждрепка и знаевме дека ќе биде таква без разлика со кого ќе се падневме.” – рече Реднап.

“Ова е возбудлив натпревар, дуел кој со нетрпение го очекуваме.”

“Милан има фантастичен рекорд во ова натпреварување, тие се први во Италија и имаат многу квалитетни фудбалери.”

“Средбата е голем предизвик за нас.”

“И пред ждрепката реков дека немам ништо против да играме против Милан.”

“Сакате да играте против најдобрите тимови во светот а и фановите сакаат да го видат тоа.”

“Сега имаме шанса да го донесеме Милан на Вајт Харт Лејн за еден голем натпревар.”

Реднап потоа додаде: “Фантастично е тоа што сме инволвирани во Лигата на Шампионите. Нашиот прв сон беше да влеземе во ова натпреварување. Тоа што обезбедивме место во фазата по групи беше одлично.”

“Потоа, да се биде на првото место во можеби најтешката група од сите, беше фантастично.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...