Wednesday, 15 December 2010 19:24 Фудбал

Италија Милош Красиќ верува дека Јувентус може оваа сезона да се бори за титулата во Серија А


Со победата од 2-1 над Лацио, Старата Дама се искачи на второто место на табелата во Серија А и има заостанување од шест бода зад лидерот Милан.

Милош Красиќ, кој беше херој за Бјанконерите на средбата со Лацио со погодокот што го постигна во 94та минута, вели дека Јувентус гледа кон Скудетото но предупредува дека тие треба да одат чекор по чекор.

“Сигурно дека Јувентус гледа кон титулата.” – рече Красиќ за B92. “Но како што гооворев и претходно не треба да се залетуваме, треба да одиме чекор по чекор.”

“Нема да даваме изјави како сме блиску до титулата, ќе одиме постепено.”

“Покажавме квалитет и конзистентност во нашата игра, имаме 12 натпревари без пораз и се надевам дека ќе продолжиме со ваквата форма.”

“Ќе видиме што ќе биде, но победата над Лацио и добрите игри ни даваат самодоверба да се надеваме на Скудетото.”

За погодокот против Лацио, Красиќ рече: “Тоа беша навистина феноменално чувство, проработија емоциите, беше завршница на натпреварот а јас постигнав победоносен погодок, тоа е најслатко.”

“Бев многу среќен со погодокот но уште посреќен поради победата.”

“Сега сме на втората позиција на табелата и мислам дека го заслужуваме тоа.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...