Wednesday, 25 March 2009 18:56 Фудбал
Пелегрини ги отфрла шпекулациите за преселба во Реал...

 

Менаџерот на Виљареал, Мануел Пелегрини инсистира дека нема да го раскине договорот со клубот со цел да се пресели во Реал Мадрид
Се шпекулира дека Пелегрини е еден од кандидатите да седне на клупата на Реал Мадрид по крајот на сезоната.
Сепак, Чилеанецот обрнува малку време на шпекулациите и вели дека нема план за да замине од Жолтата Подморница.
“Нема да им обрнувам внимание на шпекулациите и вестите кои никогаш не знаете од каде излегле.” – рече Пелегрини.
“Доколку некој ден добијам понуда од некој тим ќе ја разгледам, но тоа ќе биде само со одобрение од претседателот на тимот во кој моментално работам.”
“Имам договор со Виљареал за уште една година и мислам дека е многу тешко за мене да го раскинам договорот прет тоа.”
“Во овој момент повеќе сум заинтересиран за одличните перформанси кои ги имаме и нашите цели се да продолжиме да уживаме во периодот и победите.”
Пелегрини сепак има клаузула во договорот која му дозволува да си го откупи договорот, но тој вели дека не размислува на тако нешто.
“Точно е дека има член во договорот кој го потпишав со Виљареал кој вели дека можам да си заминам доколку платам оштета.”
“Но тој член нема некоја вредност за мене, бидејќи имам договор кој ме обврзува кон клубот и јас секогаш работам до последниот ден од договорот.“
“Ова е нешто во кое е инволвирана почитта и е поврзана со вашето усмено верувања, па никогаш нема да го употребам членот за да заминам во друг клуб.“
“Имам добиено неколку понуди но воопшто не се трудев да ги разгледам бидејќи секогаш ги почитувам моите договори.“

 

 

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...