Wednesday, 01 December 2010 19:28 Фудбал

Италија Адриано Галијани вели дека Милан е подготвен да го ангажира Марио Балотели доколку Манчестер Сити реши да го продаде напаѓачот


Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани потврди дека тие се заинтересирани за ангажман на Марио Балотели.

Но една ваква зделка би можела да се случи само доколку Манчестер Сити реши да го продаде италијанскиот интернационалец, кој пристигна во Истлендс во летниот трансфер период и стави потпис на петгодишен договор.

Екс напаѓачот на Интер, Балотели во неколку наврати истакна дека сака повторно да игра со Ибрахимович а и шведскиот интернационалец посака да го обнови партнерството со Супер Марио.

Адриано Галијани додава дека доколку Ибра и Балотели во иднина играат заедно тоа дефинитивно ќе биде во Милан.

“Мислам дека Манчестер Сити нема да сака да го продаде Марио Балотели бидејќи играчот стави потпис на петгодишен договор.” – рече Галијани.

“Но доколку тие решат да го продадат Марио, Милан ќе биде тука да го ангажира.”

“Доколку Ибрахимович и Балотели повторно го обноват партнерството, јас сум убеден дека тоа ќе се случи во Милан.”

Запрашан дали Милан во јануари треба да се засили, Галијани одговори: “Доколку се укаже шанса, ќе пристигне напаѓач. На сите други позиции сме добро покриени.“

“Доколку е можно, ќе пронајдеме напаѓач кој ќе го замени Пипо Инзаги. Во спротивно ќе останеме со сегашниот состав.“

“Оној што ќе пристигне ќе треба да има карактеристики слични на Инзаги бидејќи ни е потребен играч од ваков тип.“

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...