Wednesday, 24 November 2010 19:30 Фудбал

Лига на Шампиони Европската куќа на фудбалот ќе покрена истрага поради обвинувањата дека Чаби Алонсо и Серхио Рамос намерно заработија црвен картон на вчерашниот дуел со Ајакс


Чаби Алонсо и Серхио Рамос во финишот на вчерашната средба помеѓу Ајакс и Реал Мадрид беа исклучени откако и двајцата фудбалери заработија втор жолт картон за задржување на време.

Целиот свет се сомнева дека ваквата бизарна постапка на Алонсо и Рамос, со оглед на тоа дека Кралевите водеа со 4-0 на Амстердам Арената, е намерно направена и зад планот стои Жозе Мурињо.

Со тоа што заработија исклучување, Алонсо и Рамос ќе го пропуштат дуелот со Оксер, последен од фазата по групи и натпревар кој нема никакво значење за Реал Мадрид.

Но затоа пак дуото нема да понесе никакви картони во нок-аут фазата која ќе се игра следната година.

Marca објави дека планот за намерното заработување црвен картон бил скроен од Жозе Мурињо а преку Дудек и Икер Касиљас пренесен до Чаби Алонсо и Серхио Рамос.

ТВ каналот од Холандија, NOS пак покажа кадар во кој тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо разговара со Алонсо непосредно пред играчот да заработи втор жолт картон.

Мурињо по натпреварот експресно негираше дека Алонсо и Рамос намерно заработиле црвен картон но според пишувањата на Европските медиуми, УЕФА ќе покрене истрага за она што се случуваше во завршните мигови на Амстердам Арената.

Европската куќа на фудбалот може на Алонсо и Рамос да им изрече поголема суспензија од еден натпревар, бидејќи членот 10 го дозволува тоа доколку се работи за неспортско однесување.

Но ќе биде тешко да се докаже дека Алонсо и Рамос намерно заработиле црвен картон затоа што играчите секогаш ќе се правдаат дека задржувањето време е нормална работа на секој фудбалски натпревар.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...